• Фејсбук статус на Кристина Ампева, Претседателка на „Гласен синдикат на работниците“

Ви текнува на 69те работнички од конфекцијата СОНИ Кавадарци кои иако не добија неколку плати, сепак судот реши дека не се во право и треба да платат 20.000 евра судски и адвокатски трошоци?

Епа по јавување од нивната адвокатка , ја имам честа да ве известам сите дека АПЕЛАЦИЈА Скопје ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА НА ОСНОВЕН СУД КАВАДАРЦИ И ЌЕ ИМА НОВО СУДЕЊЕ!!!

Едвај чекам претседателот на судот НАНЕВ да ја толкува и оваа одлука на Апелација. А едвај чекам да доаѓам на мониторинг на рочиштата во Кавадарци.

Ова е најубавиот подарок кој можев да го добијам за 8ми март!

Жени, работнички напатени, ја докажавте правдата! Симбол сте ми за 8ми март вие и вашата храброст за тој протест лани пред Основен суд Кавадарци и покрај сите притисоци кои доаѓаа до вас од разни центри!