По повод најголемиот празник на македонскиот народ, 11 Октомври – Ден на антифашистичкото востание во 1941 година; празникот кој ја одбележува и симболизира борбата на македонскиот народ за слобода и независност, во продолжение ви го претставуваме документарниот филм Dan ustanka naroda Makedonije (mkd. Ден на народното востание на Македонскиот народ).
Филмот е снимен во СФРЈ, и ја обработува темата на востанието како вооружената акција на Прилепскиот партизански одред, на 11 октомври 1941 година, кога, по одлука на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, нападнати се непријателската посада, затворот и телефонската централа во Прилеп. Во знак на сеќавање на овој настан, во Прилеп се наоѓа музејот „11. октомври“.