• Насловна
  • About Us
  • За Нас
  • Како се станува член
  • Статут
  • Платформа
  • Контакт
  • Линкови

Главно Мени

  • Насловна
  • About Us
  • За Нас
  • Статут
  • Платформа
  • Контакт
  • Линкови
  • Стариот блог на ЛЕНКА

Google Translate

Macedonian Albanian English French German Greek Italian Portuguese Spanish

Вести

  • Акции
  • Настани
  • Памфлети, летоци, и останати материјали
  • Соопштенија

Сектори

  • Социјална правда
    • Работнички права
  • Антинационализам
  • Антимилитаризам
  • Антиклерикализам
  • Антикапитализам
  • Феминизам
Движење за Социјална Правда ЛЕНКА
Соопштение до медиуми по повод тужбата против велешанецот Игор Смилев PDF Печати Е-пошта
Недела, 06 Мај 2012 20:26

ленка лого

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ
по повод тужбата против велешанецот Игор Смилев

 

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА ќе го поддржи во целост и ќе земе активно учество во протестот на велешани и Зелената Коалиција за подршка на Игор Смилев кој е тужен од страна на Тони Димитриески, управителот на Метрудхем – сопственик на топилницата во Велес.  

ЛЕНКА и Зелената Коалиција ќе се спротивстават на секој напад, во која и да форма доаѓа, врз велешани кои се борат за здрав живот во чиста средина. Секоја корпорација која мисли дека здравиот живот може да се гради преку правни регулативи, дозволи, “слободни пазари“, а се со цел да се изедначи со зголемени стапки на профит, ќе гази по достоинството и животот на велешани.  

Велес кажа НЕ на Метрудхем! 
Македонија кажа НЕ на Метрудхем! 


Велешани повторно ќе се обединат на 9 Мај, пред судот во Велес во 11:00 да го изразат својот револт против притисокот кои се врши од страна на Метрудхем преку поднесување на лични кривични пријави против активисти на Зелената Коалиција. 

Ги повикуваме сите граѓани на Велес, а и на цела Македонија, да ни се придружат во борбата против корпоративното насилство и да застанат во одбрана на човековото достоинство и правото на здрав живот во чиста средина. 

Во одбрана на Велес!
Во одбрана на Игор Смилев!
 
Соопштение до медиуми: по повод кршењето на работничките права во битолска „Шеќерана“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 19 Јануари 2012 00:00

 

ленка лого

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ
по повод кршењето на работничките права во битолска „Шеќерана“

 

Постојан мобинг и психичко малтретирање, принуден одмор и купишта противзаконити решенија се работните услови во кои работат работниците во Битолската „Шеќерана“ во последните шест месеци - пред нивниот последен отказ, како резултат на осветата на работодавачот затоа што организирале штрајк.

Вработените во „Шеќераната“  денес се наоѓаат во лавиринтите помеѓу судовите и нивните работни места. Иако со одлука на Врховниот суд на РМ нивниот работодавач -  Фабриката за шеќер „4-ти Ноември“ - беше принуден да ги врати на своите работни места по отказите дадени заради организирање на штрајк, работниците пред некој месец одново беа избркани без соодветни причини.

Работниците, уште при нивното враќање, не беа распоредени на истите работни места и континуирано се праќани на принуден одмор. Иако Државниот инспекторат за труд утврдил неправилности во сите овие случаи, работниците денеска се на улица, без никакво образложение или надокнада.

***

Сакаме да ја потсетиме јавноста дека случајот со штрајкот во Фабриката за шеќер е своевиден преседан, бидејќи е единствен штрајк кој е забранет од суд во Р. Македонија како нелегален, и чија разрешница во моментот се процесуира пред Европскиот Суд за човекови права во Стразбург.

Движењето за социјална правда „Ленка“ континуирано ги следи сите случувања од овој случај и ги посетува сите рочишта и настани, со цел да застане на страната на работниците чии права постојано се намалуваат и прекршуваат.

 

ДСП „Ленка“

 
СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ ПО ПОВОД ПРОМОЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЧКИ СТИДИИ ЗА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 12 Декември 2011 23:17

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ

ПО ПОВОД ПРОМОЦИЈА НА ИСТРАЖУВАЧКИ СТИДИИ ЗА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА





Во среда (14ти декември 2011 година), со почеток во 18:00 часот, во просториите на Фондацијата „Фокус“ (Центар за поддршка на НВО-и) во населбата Дворови во Велес – Движењето за социјална правда „Ленка“ ќе одржи промоција на двете најнови истражувачки студии:
1. Штрајк - искуства и состојби (уредник: д-р Здравко Савески);
2. Работни спорови - позитивни примери од судската пракса (автори: Димитар Апасиев, Ива Михајловска, Александар Ковачевски, Стефан Бошковски, Горан Секулоски, Сашо Карапанчев и Игор Мишевски).

Книгите се издадени во текот на изминатава година со поддршка на германската фондација „Роза Луксембург“ во рамки на проектот: Промоција и заштита на работничките права. Тие сoдржат вистински приказни на рабoтници и синдикалци кoи решиле свoите права од работен однос да ги бараат или по пат на штрајк или преку покренување судска постапка против својот работодавач. На промоцијата ќе бидат презентирани сознанијата и заклучоците до кои се дојде преку овие правни студии.

Примероците од студијата се некомерцијални и не можат да се најдат во продажба, а ќе бидат бесплатни за присутните.


 

 
Соопштение до медиуми: протест против скратување на периодот за технолошки вишок PDF Печати Е-пошта
Вторник, 27 Декември 2011 19:38

 

ленка лого

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ
по повод протестот против скратувањето на периодот за технолошки вишок

 

Движењето за социјална правда – ЛЕНКА во целост ја поддржува одлуката на Советот на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството на Македонија за организирање јавен ПРОТЕСТ на работниците од  овој сектор на 29 декември 2011 година (четврток) во Скопје против скратувањето на периодот на социјална згриженост за технолошките вишоци. Најавеното собирно место за протестот е пред  Работничкиот дом, во 15:30 часот, а потоа ќе се тргне кон Собранието и Владата на РМ.

Активистите на ДСП ЛЕНКА, кои три години наназад интензивно ја истражуваат трудово-правната сфера, се солидаризираат со маките на овие работници и ќе учествуваат на протестот – со што го изразуваме нашиот револт и отворено незадоволство од најновото намалување на работничките права, кое најмногу ги погодува повозрасните работници од индустриските дејности, нешто што се случува во континуитет повеќе од две децении. Исто така, ЛЕНКА во иднина ќе се обиде да ја оспори оваа малициозна тенденција иницирана од  Министерството за труд и социјална политика пред Уставниот суд на РМ.

 

Движење за социјална правда – Ленка

Скопје, 27.12.2011

 
Соопштение до медиуми: протест против рестартирање на топилницата во Велес PDF Печати Е-пошта
Вторник, 08 Ноември 2011 13:29


lenka logo


СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИ

по повод протестот против рестартирањето на топилницата во Велес

 

 



Движењето за социјална правда – ЛЕНКА го поддржува во целост и ќе земе активно учество во протестот против рестартирањето на топилницата во Велес од страна на инвеститорот ,,Метрудхем” , кој ќе се одржи оваа среда, на 9ти ноември 2011 година, со почеток во 17:00 часот на плоштадот Сармаале во Велес.

 

 

Овој протест треба да докаже дека демократски изразената волја на граѓаните е поважна од интересите за профит на инвеститорите. Демократијата не почива на профитабилни стапки, туку на стандарди на почитување на човекови права и слободи. Во името на економски просперитет дозволуваме премногу, но ова е крајна граница до која може да се толерира.

 

 

По никоја цена не смееме да дозволиме интересите на капиталот да бидат поважни  од човечките вредности, а тоа во случајов е здравјето на граѓаните кои живеат во непосредната и поширокта околина на топилницита.

 

 

Движење за социјална правда - ЛЕНКА
Скопје, 08.11.2011
 
Повеќе Артикли...
  • Јавен повик за учество на Антикапиталистичка конференција
  • Соопштение до медиуми: промоција на „Работни спорови“
  • Соопштение по повод укинувањето на сините картони
  • Реакција по повод отказот на новинарката Тамара Чаусидис
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 Следно > Крај >>

Страница 1 од 7

Движење за Социјална Правда ЛЕНКА, Designed by Zuczkowski Media Design Solutions and sponsored by programy partnerskie