Како што се приближуваат изборите, широката коалиција продолжува со носењето на штетни закони, како еден своевиден политички договор за да си го подмират своето гласачко тело. Имено, на крајот од 2023 година, до Собранието поднесени се четири предлог-закони за управување со отпад, од страна на ДУИ, СДС, ДПМНЕ и вечниот коалициски привезок ЛДП.

Сите овие закони се исклучително штетни за животната средина и истите се исклучиво во интерес на неколку БИЗНИС-субјекти, блиски до партиите на естаблишментот. Предлог-законот поднесен од ДУИ е во интерес на нивна компанија со електронска опрема, каде што се предлага НАМАЛУВАЊЕ на надоместокот за управување со отпадната опрема, како и пролонгирање на рокот за собирање на овој тип на отпад.

Дополнително, додека државата е презатрупана со отпад и на секој чекор никнуваат диви депонии, од ДПМНЕ предлагаат ПРОЛОНГИРАЊЕ на рокот за носење на Правилникот за тарифи за отпад и плаќањето на тарифата за отпад – очигледно за да ги заштитат интересите на компании блиски до нив. Останатите два предлог-закони предвидуваат намалување на надоместокот за управување со отпадните масла, како и привилегирање на еден колективен постапувач со посебните текови на отпад, кој очигледно е близок до партијата ЛДП што го поднесува ваквиот предлог.

Претседател на собраниската Комисија, до која се поднесени овие 4 предлог-закони е пратеникот Владо МИСАЈЛОВСКИ од ДПМНЕ. Доколку ДПМНЕ сака да го спречи носењето на овие закони поднесени од СДС, ДУИ и ЛДП, Мисајловски може воопшто да НЕ ГИ СТАВИ на дневен ред.

Доколку Мисајловски се обиде да ги стави на дневен ред, како уште еден договор на широката коалиција, пратениците на Левица со сите сили ќе го БЛОКИРААТ носењето на овие закони, кои дополнително ќе ја еродираат црната еколошка слика во Македонија! – Се вели во соопштението на политичката партија Левица.