Во Москва, на ден 20.04.2024 во библиотеката Алексеј Толстој се одржа литературна средба во рамки на проектот „Читај ја Македонија!“, што Олга Панкина, поетеса и преведувач, претседател на невладината организација „Македонски културен центар“ во Москва успешно го реализира од 2014 година, запознавајќи ја руската читателска публика со творби како од класиците на македонската литература, така и од современите прозаици, поети и драматурзи.

На литературната средба вниманието му беше посветено на романсиерското творештво на македонските жени-писатели, особено на новите генерации писатели.