Студентски Отпор: Пари за функционерите има – за студентите нема

Студентите од организацијата Студентски Отпор излегоа со остра реакција и критика кон владата дека грижата се покажува со дела а не со зборови.

Ви ја пренесуваме нивната реакција во целост:

Во ситуација каде што МОН и владата континуирано тврдат дека „од наредниот месец“ ќе се исплаќа навремено субвенциониран студентски оброк и стипендии, кога студентите од минатата академска не се обештетени поради „правни процедури„ – многу брзо се сложија дека покачување на нивната плата за 78% треба да има.

Оваа е последна во долга континуирана низа на постапки каде што надлежните институции со дела покажуваат дека за студентите, средношколците, младите воопшто не им се приоритет. Особено во споредба со полнење на сопствените џебови.

Студентите ќе слушаат предавања во со децении стари, не реновирани објекти, ќе плаќаат илијадници денари во скриени трошоци секој семестар, ќе бидат жртви на легална корупција од страна на партиски обоени професори, но затоа за децата на Јетон Шаќири со новото покачување, ќе имаат доволно средства за уште едно ламборџини.

Стипендиите повторно доцнат, МОН повторно нема слух, факултетите се распаѓаат, кадар недостасува, имаме неверојатен одлив на мозоци – но најважното од се јавните функционери си ја покачија платата за 78%.

ДО КОГА ЌЕ ТРПИМЕ ВАКВИ РАБОТИ ДРАГИ НАШИ КОЛЕГИ, ДО КАДЕ НИ Е ПОЛНА ЧАШАТА?

Превземено од: https://www.instagram.com/p/Cq2y9qpKmAd/

Последно