Програмата за еднакви можности во Општина Карпош за претстојната 2024 година под раководство на претседателката на комисијата и советничката од Левица – Ивана ПЕТКОВСКА, координаторката на комисијата, како и со поддршка на други советници од советнички групи е креирана со фокус на жртвите на семејно насилство.

Дури 75 % од сторителите на семејното насилство поминуваат неказниво, а поголемиот број на жртви не ја добиваат потребната помош од институциите. Во таа насока програмата е насочена кон превенција и советување за спречување на семејното насилство и помош за жртвите преку бесплатни психолошки советувања и психотерапии.

Во рамки на програмата е предвидено отворање на локална канцаларија за родителство каде што родителите со помош на стручни соработници психолози и психотерапевти ќе може да учат вештини за успешно родителство во прва етапа, а во втора етапа е предвидено да се даде акцент повторно на семејното насилство во контекст на целиот семеен систем.

Унапредување на здравјето на жените и мажите е исто во фокусот на престојната програма во насока на превенција и навремено детектирање на женски и машки болести првенствено рак на дојка и простата.

Програмата содржи и други активности како соработка со ИТ секторот и спортски активности што дополнително ја збогатува нејзината содржина.

Со 15 гласа ЗА програмата е прифатена и очекуваме да биде реализирана во престојната 2024 година. – Се вели во соопштението на АФЖ на Левица.