Ве покануваме на нашот настан од јавен карактер ГЛАСНА КУЛТУРА, кој ќе се одржи на 28.03.2024 (четврток) во Занаетчиски дом, Куманово.

ГЛАСНА КУЛТУРА е културна иницијатива на движењето за социјална правда Ленка која има за цел да го обедини и запознае народот и истовремено да не натера да размислуваме за културната иднина на градот. ГЛАСНА КУЛТУРА е мултимедијален настан на кој ќе се претстават повеќе млади уметници од државата. Поезија која ја искажува интимноста на нормалниот граѓанин, музика која плени, критички кон општествените проблеми, настроен хумор и визуелно забележани артефакти од градот.

Идејата зад настанот ГЛАСНА КУЛТУРА е да го обедини и запознае народот со современата култура и уметност, со културното наследство на градот и со културниот израз на творците-учесници, а истовремено да не натера да размислиме за културната иднина на градот.

ПРОГРАМА

1. Изложба на фотографии од старо Куманово, почеток 18ч.

– Во 18ч, во Занаетлиски дом, Куманово, ќе биде поставена изложба на фотографии која претставува ретка можност да се видат стари фотографии од Куманово фотографирани низ различни периоди преку кои може да се реконструира животот во градот низ историјата.

2. Поетско читање, почеток 19ч.

– Во 19ч, во Занаетчиски дом, Куманово млади и истакнати поети од Македонија ќе се претстават со своите стихови пред кумановската публика, а модератор на поетската вечер ќе биде македонскиот истакнат актер и поет Игор Трпчески-Трпче.

3. Стенд ап и кабаре, почеток 20ч.

– Во 20ч, во Занаетчиски дом, Куманово актерот и стенд ап комичар Мирослав Петковиќ премиерно ќе настапи со своето ново шоу Фрустрација 1312 и од поинаков сатиричен агол ќе ја анализира општествената состојба во државата.

– Веднаш после стенд ап шоуто публиката ќе има можност да го проследи настапот на вокално-инструменталниот состав Кабаре Кабает кој на сатиричен и хумористичен начин преработува автентични музички композиции.

4. Музичка програма, почеток 21ч.

– Во 21ч. во Занаетчиски дом, Куманово настанот ГЛАСНА КУЛТУРА ќе се заврши со музичка програма во која ќе учествуваат артисти од алтернативната музичка сцена.

Ве покануваме и би ни било чест доколку присуствувате на нашиот настан.

Влезот е слободен.