СПРОТИСТАВЕТЕ СЕ НА ОБОЖУВАЊЕТО НА КНИГИТЕ [Мао Це Тунг – четврт дел]

Пристап до третиот дел: https://lenka.mk/left_literature/sprotistavete-se-na-obozhuvaњeto-na-knigite-mao-cze-tung-tret-del/

VI ПОБЕДАТА ВО РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА БОРБА НА КИНА ЌЕ ЗАВИСИ ОД РАЗБИРАЊЕТО НА КИНЕСКИТЕ ДРУГАРИ ЗА КИНЕСКИТЕ УСЛОВИ

Целта на нашата битка е да се постигне социјализам по пат на демократска сцена. Во оваа задача, првиот чекор е да се заврши демократската револуција со придобивање на мнозинството на работничката класа и возбудување на селските маси и урбаните сиромашни за соборување на земјопоседничката класа, империјализмот и режимот на Куоминтанг. Следниот чекор е да се спроведе социјалистичка револуција, која ќе го следи развојот на оваа борба. Исполнувањето на оваа голема револуционерна задача не е едноставна, ниту лесна задача и целосно ќе зависи од правилните и цврсти тактики на пролетерската партија.

Ако нејзините тактики за борба се погрешни, нерешителни и колебливи, револуцијата сигурно ќе претрпи привремен пораз. Мора да се има наум дека буржоаските партии постојано ги дискутираат нивните тактики за борба. Тие размислуваат како да шират реформски влијанија меѓу работничката класа за да ја замајат и одвратат од раководството на Комунистичката Партија, како да ги натераат богатите селани да ги задушат бунтовите на сиромашните селани и како да организираат гангстери со цел да ги потиснат револуционерните битки. Во ситуација каде работничката битка станува се поакутна и се води одблиску, победата на пролетаријатот целосно ќе зависи од точната и цврста тактика на борба на сопствената партија, Комунистичката Партија.

Мао Це Тунг

Правилната и непоколеблива тактика на борба на една комунистичка партија во никој случај не може да биде создадена од мал број луѓе кои седат во канцеларија, туку таа извира низ текот на масовна битка, односно, од вистинско искуство. Оттука, мораме во секое време да ги проучуваме социјалните услови и да правиме практични испитувања. Тие другари кои се нефлексибилни, конзервативни, формалисти и неосновани оптимисти мислат дека сегашната тактика на борба е перфектна, дека “книгата на документи“ од Шестиот Национален Конгрес на Партијата гарантира трајна победа и дека секогаш може да се биде победник само со придржување до утврдените методи. Овие идеи се апсолутно погрешни и немаат ништо заедничко со идејата дека комунистите треба да создаваат поволни околности преку борба, туку тие претставуваат чисто конзервативна линија.

Додека не биде целосно отфрлена, оваа линија ќе предизвика големи загуби на револуцијата и ќе им наштети на самите овие другари. Очигледно има неколку другари во Црвената Армија кои се задоволни да ги остават работите такви како што се, кои не бараат да разберат нешто темелно и се неосновани оптимисти, ширејќи ја заблудата дека „ова е пролетерско“. Тие јадат сити и седат, дремејќи во нивните канцеларии по цел ден без да излезат надвор меѓу масите за да истражат. Кога и да ги отворат нивните усти, нивните флоскули ги разболуваат луѓето. За да се разбудат овие другари, мораме да го кренеме гласот и да им викнеме:

Веднаш смени си ги твоите конзервативни идеи!

Замени ги со прогресивни и милитантни комунистички идеи!

Влези во борбата!

Оди низ масите и истражи ги фактите!

Пристап до последниот дел: https://lenka.mk/left_literature/sprotistavete-se-na-obozhuvaњeto-na-knigite-mao-cze-tung-posleden-del/

Преведено од: Андреј Михаиловски

Последно