СПРОТИСТАВЕТЕ СЕ НА ОБОЖУВАЊЕТО НА КНИГИТЕ [Мао Це Тунг – трет дел]

Пристап до вториот дел: https://lenka.mk/left_literature/sprotistavete-se-na-obozhuvaњeto-na-knigite-mao-cze-tung-vtor-del/

V ЦЕЛТА НА ОПШТЕСТВЕНОТО И ЕКОНОМСКОТО ИСТРАЖУВАЊЕ Е ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ПРАВИЛНА ПРОЦЕНА НА КЛАСНИТЕ СИЛИ И ТОГАШ ДА СЕ ФОРМУЛИРА ПРАВИЛНА ТАКТИКА ЗА БИТКАТА

Ова е нашиот одговор на прашањето: Зошто мораме да ги истражуваме општествените и економските услови? Според тоа, предметот на нашето истражување се сите социјални класи, а не фрагментирани општествени феномени. Во последно време, другарите во четвртата чета на Црвената Армија вообичаено посветуваат внимание на истражувањето, но, методот што повеќето го користат е погрешен. Оттука, резултатите на нивните истражувања се многу тривијални, како сметките на бакалите, или личат на многуте чудни приказни што ги слуша селанецот кога ќе дојде во градот, или се како далечен поглед на населен град од планински врв. Ваквиот тип на истражување е од мала корист и не може да ја постигне нашата главна цел. Нашата главна цел е да ја научиме политичката и економската ситуација на различните општествени класи.

Мао Це Тунг

Исходот на нашето истражување треба да биде отсликување на сегашната ситуација на секоја поединечна класа, подемите и падовите на нејзиниот развој. На пример, кога го истражуваме составот на селанството, не само што мораме да го знаеме бројот на селани-сопственици, селани – квазисопственици и селани – кираџии, кои се диференцираат според закупните односи, но, особено мора да го знаеме бројот на богати селани, средни селани и сиромашни селани, кои се диференцираат според класа или страта. Кога го истражуваме составот на трговците, не само што треба да го знаеме бројот на сите типови трговци, како трговци на сено, облека, медицински билки, итн., особено мора да го знаеме бројот и на ситните трговци, средни трговци и големи трговци. Ние не само што треба да ја истражиме состојбата на секој занает, туку особено и класните релации помеѓу нив. Ние мораме да ги истражиме односите не само помеѓу различните занаети, туку највеќе тие помеѓу различните класи. Нашиот главен метод во истражувањето мора да биде расчленување на различните општествени класи, а крајната цел е да се разберат нивните меѓусебни односи, да се дојде до правилна процена на класните сили и потоа да се формулираат правилните тактики за битката, да се дефинираат кои класи ја сочинуваат главната сила во револуционерната битка, кои класи треба да се придобијат како сојузници и кои класи треба да се соборат. Тоа е нашата главната цел.

Кои се социјалните класи кои бараат истрага?

Тоа се:

Индустрискиот пролетаријат,

занаетчиите,

земјоделците,

сиромашните селани,

урбаните сиромашни,

лумпен-пролетаријатот,

мајсторите-занаетчии,

ситните трговци,

средните селани,

богатите селани,

земјопоседниците,

комерцијалната буржоазија,

индустриската буржоазија.

Во нашето истражување мораме да посветиме внимание на состојбата на сите овие класи или страти. Само индустрискиот пролетаријат и индустриската буржоазија се отсутни од местата во кои ние дејствуваме и константно се среќаваме со сите останати. Нашите тактики на борба се тактики во однос на сите други класи и страти.

Уште еден сериозен недостаток во нашите поранешни истражувања е непотребниот стрес на селата, до занемарување на градовите. Многу наши другари биле нејасни кога станува збор за нашите тактики кон урбаните сиромашни и комерцијалната буржоазија. Развојот на нашата борба не овозможи да ги напуштиме планините за полињата. Физички се спуштивме, ама ментално ние сè уште сме во планините. Мора да ги разбереме потребите на градовите, како и на селата, или нема да можеме да ги задоволиме потребите на револуционерната борба.

Пристап до четвртиот дел: https://lenka.mk/left_literature/sprotistavete-se-na-obozhuvaњeto-na-knigite-mao-cze-tung-chetvrt-del/

Преведено од: Андреј Михаиловски

Последно