Лидерот на „Ансаралла“, Абдул Малик Ал-Хути: САД сакаат саудијците да ги вовлечат во сеопшта војна!

Подолу ви ја пренесуваме содржината од прес конференцијата на Ал-Хути, лидерот на Јемен, кој предупреди дека САД во соработка со регионалните сили, пред се Саудиска Арабија и Израел, прават обиди за да го вовлечат во војна целиот регион.

  • Саудијците мора да сфатат дека нивните непромислени, глупави постапки не смеат да се толерираат и дека мора да се оттргнат од погрешниот пат.
  • САД ни испратија пораки дека ќе го примораат саудискиот режим да преземе агресивни чекори [против нас], и поради истата таа причина имаше американски посети на Саудиска Арабија.
  • Притисокот за да ги заменат банките од тие во Сана е луда и глупава постапка и никој во светот не размислува на ваков начин. Саудискиот режим го презеде овој чекор слугувајќи им на израелските интереси, како послушник на Америка.
    „По постапката за префрлање на банките, Саудијците одлучија да го оневозможат аеродромот во Сана и да ги стопираат летовите, и покрај нивните ограничувања и тесна маржа“.
    Ќе одговориме на сè реципроцитетно: банки за банки, аеродромот во Ријад за аеродромот во Сана и пристаништа за пристаништа.
  • Американецот сака да ја вклучи Саудиска Арабија во сеопфатна војна, што значи дека ситуацијата со нас [и Саудиска Арабија] ќе се врати на тоа што беше за време на врвот на ескалацијата“.
    „Нашиот народ ќе издржи затоа што верува дека претстои важна битка и затоа што палестинската кауза им е приоритет пред сопствената.
  • Саудиските медиуми јасно им служат на израелските интереси.
    Саудискиот режим сè уште ги приведува членовите на Хамас во затворите и го криминализира ставот на движењето против непријателот. Му понудивме на саудискиот режим да ги ослободи нивните пилоти во замена за затворениците на Хамас, но, тие одбија во полза на непријателот.
  • Американците се обидуваат да ве замешаат, и ако тоа го посакувате, тогаш обидете се. Ако си посакувате добро и стабилност за вашата земја и економија, престанете со вашите заговори против нашата земја. Потегот кон агресивна ескалација против нашата земја е нешто што никогаш не можеме да го прифатиме. Ако Американците успеат да ве замешаат, тоа ќе биде стравична грешка и огромен неуспех, а наше право е да се спротивставиме на каква било агресивна активност. Ако се вмешате уште повеќе, ние уште повеќе ќе ескалираме. Не потпирајте се на Американците, тие се изгубени.
Последно