Етничкото чистење и „моралниот инстинкт“ трет дел – Како да го објасниме ова лицемерие? – [Едвард Херман]

Втор дел: https://lenka.mk/left_literature/etnichkoto-chisteњe-i-moralniot-instinkt-vtor-del-izvondredniot-sluchaј-na-izrael-edvard-herman/

Едвард Херман – автор на текстот

Сето ова се случи затоа што израелското раководство сакаше „лебенсраум“ за избраниот народ, домородните Палестинци застанаа на патот и мораа да бидат отстранети, при што Израелците можеа да го сторат тоа, со клучна американска воена и дипломатска поддршка. Овој процес се хранеше сам од себе. Односно, палестинскиот насилен отпор што следеше, заедно со палестинската релативна слабост и ранливост, ја влошија расистичката основа на проектот за етничко чистење со резултат на зголемување на неговото дивјаштво во текот на годините, потпомогнато со доаѓањето на власт во Израел на крупен воен злосторник. Помошта и заштитата на САД во проектот беа од клучно значење, бидејќи тоа спречи каков било ефикасен меѓународен одговор на политиките кои го нарушуваат основниот морал, а исто така и законот, и кои, доколку би биле спроведени од некоја таргетирана држава, би резултирале со бомбардирања и судења за воени злосторства.

Улогата на САД, како и неутрализацијата на секој „морален инстинкт“ во САД, делумно резултираат од геополитичките обѕири и улогата на Израел како американско посредник и спроведувач и од способноста на произраелското лоби и неговите организации и христијанските десничарски поддржувачи да ги наведат медиумите и политичкиот естаблишмент на премолчена или отворена поддршка за проектот за етничко чистење. Тактиката на лобито вклучува агресивна експлоатација на вината, со упатување на холокаустот, поистоветување на критиката на етничкото чистење на Израел со „антисемитизмот“, заедно со директно заплашување и обиди да се задуши критиката и дебатата.

Овие напори беа потпомогнати од 11 септември и „војната против теророт“, кои помогнаа да се демонизираат Арапите и да се направи израелската политика дел од таа наводна војна. Лобито и неговите претставници во Бушовата администрација беа ревносни поддржувачи на нападот врз Ирак и сега тие енергично се борат за војна против Иран – всушност лобито е единствениот сектор од општеството што повикува на конфронтација со Иран и планира голема кампања насочена кон Буш и Конгресот за да се натераат САД да преземат акција. Војната во Ирак обезбеди одлично покритие за засиленото етничко чистење во Палестина и една идна војна, и покрај нејзините сериозни ризици, може да помогне во понатамошната фаза на етничко чистење и можен „трансфер“ на населението што претставува „демографска закана“.

Однесувањето на „меѓународната заедница“ во однос на проектот за етничко чистење беше срамно. Жестоки ентузијасти за војна и судења на наводните негативци во поранешна Југославија, каде што САД задоволно се спротивставија на етничкото чистење, селективно, ЕУ, Јапонија, Кофи Анан, повеќето невладини организации и арапските држави беа плашливи, а нивните „моралниот инстинкт“ парализиран од посветеноста на САД кон Израел, силата на Израел и неговата дијаспора, израелската експлоатација на вината за холокаустот и расистичката пристрасност на ЕУ, задржана од колонијалното минато и влошена од протокот на пропаганда што содржи „бомбаши самоубијци”, а не таргетирани атентати, масовна и незаконска брутализација и кражба на земјиште.

Палестина е кризно подрачје по дефиниција, каде што практично беспомошниот народ е злоупотребуван, понижуван и постојано раселуван со сила во корист на доселениците заштитени со огромна воена машина, снабдена и заштитена од САД, и со премолчената согласност – ако не и повеќе од тоа – од остатокот на „слободниот свет“. Големото прашање сега за „слободниот свет“ е дали Хамас ќе се однесува како што треба и ќе прифати етничко чистење (што сѐ уште е во многу активен процес) и можниот статус на бантустан во најдобар случај или ќе се закани дека ќе пружи отпор и ќе врши „тероризам“?

Тоа е многу важно бидејќи неколку милиони Палестинци се фрлени во беда во еден трагичен систем на насилство што може лесно да биде прекинат од страна на САД и меѓународната заедница со закана за прекин на помошта и евентуално со санкции.

Ситуацијата во Палестина е исто така многу важна бидејќи стотици милиони Арапи и милијарда и повеќе луѓе од исламска вероисповед, како и дополнителни милијарди покрај нив, го толкуваат односот на Запад кон Палестинците како одраз на расистичкиот и колонијалистички став кон Арапите, муслиманите и луѓето од Третиот свет пошироко. Тоа создава антизападен тероризам, но исто така, па дури и поважно, длабок гнев, омраза и недоверба кон Западот и неговите мотиви. Тоа е рак кој навестува лоши работи за иднината на човековата состојба.

Превземено од: https://www.marxists.org/makedonski/herman/2006/palestina.htm

Последно