Фејсбук статус на Борислав Крмов – Пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на Левица
Македонскиот народ мора да го препознае троецот СДС-ДПМНЕ-ДУИ, како злосторничко здружение!
Без КВОРУМОТ обезбеден од ДПМНЕ, Кривичниот законик немаше да биде донесен. Единствено ПРОТИВ ќе беше ако ДПМНЕ не беа во салата.
Вака, ДПМНЕ со помош на СДС-ДУИ си ги амнестираше функционерите за милионски криминал, на чело со Груевски.
Замислете веќе денес, пратеникот Игор Јанушев од ДПМНЕ доби условна казна од 2 години за 5 милиони евра криминал во ЈСП.
Реалноста е побизарна од скеч на К-15. Додека функционерите на СДС-ДПМНЕ-ДУИ ќе добиваат само условни казни, обичен народ лежи години затвор за храна! Зошто посегнал по корка леб! Од глад. За храна!