Буркина Фасо, Мали и Нигер, денеска на својот прв самит во главниот град на Нигер, Ниамеј, го ратификуваа сојузот обзнанувајќи дека ќе делуваат заедно во „конфедерација“, одлука што го означува нивниот конечен раскин со остатокот од западноафриканскиот блок на земји кои сеуште се под неформална западна колонијална управа.
Шефовите на државите на трите земји „одлучија да направат уште еден чекор кон поблиска интеграција. За таа цел, тие го усвоија договорот за формирање конфедерација меѓу нив наречена „Конфедерација на државите од Сахел“, се наведува во коминикето од самитот.
Трите земји во јануари соопштија дека ја напуштаат Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), организација која се користи како инструмент од страна на Франција, поранешна колонијална во регионот. Оттука, создавањето на конфедерација го потврди ова раскинување на врските.
генералот Абдурахаман Чиани, како претседател на Нигер, го повика одбранбениот сојуз на државите Сахел (САС), создаден минатата година од трите земји, да стане „алтернатива на која било вештачка регионална унија преку градење на суверена заедница на народи, заедница која е далеку од контролата на странските овластувања“.