- Изјава на претседателот на Левица – Димитар Апасиев пред полициска станица Беко
Веднаш по завршувањето на денешните протести за сомнежи дека на Клиниката за онкологија се крадела терапија за болни од карционом, двајца членови на Црвена младина на Левица беа приведени и однесени во Полициската станица Центар.
По ослободувањето на активистите на Црвена Младина, Претседателот на политичката партија Левица даде изјава за настаните кои се случија оваа вечер во Скопје
Тука не постои држава! Партиската полиција на Спасовски се сили на студенти од Црвена Младина, кои се првенци на генерација. Двајца активисти се уапсени од специјалци и донесени во полициска станица Беко. Кога видоа дека народ доаѓа, ги пуштија.
Наместо да ги апсат хоштаплериве од Онкологија, ги апсат децава од Црвена младина. Дојден е адвокат и Левица ќе ги покрие сите трошоци. Веќе народ не им се плаши за ништо!
Јас ќе го прозвам Оливер СПАСОВСКИ на пратенички прашања за како специјалци им се силат на голораки студенти.
Ние одиме до крај – до ПАДОТ на овој хибриден режим!”