Кога ќе стасаш до половина пат за три дена (од вкупно 15), целта е многу поизвесна и јасна, вели проф. Билјана Ванковска, кандидатка на Левица за претседателските избори.

-Ви благодарам на сите. И граѓани и волонтери. Ајде уште едно ура во наредните 2-3 дена пред да почнат да глумат народ “големите” , па да засукам ракави сериозно! Едвај чекам, порача Ванковска.

Очигледно дека процесот со собирање потписи оди според планираното, па нејзината официјална кандидатура можеме да ја очекуваме кон средината на претстојната недела.