“НО НАТПРЕВАРОТ ЈА ЗГОЛЕМУВА ПРОДУКТИВНОСТА!?“

Да, и тоа е проблем. Натпреварувачката економија на слободен пазар не само што ја поттикнува продуктивноста по секоја цена туку и наметнува тие кои во трката не се непрекинато на чело ќе назадуваат и пропаднат. И која е цената на сето тоа? Прво многу време ни поминува на работното место педесет а често и шеесет саати на недела секогаш мора да бидеме спремни на повик на предпоставениот или на клиентот да работиме мора дури и ако сме уморни, се заради трката кој ќе биде на чело. Покрај тоа тука се и ниските плати кои ги примаме, поголемиот дел од нас не е ни приближно толку платен за да може да си обезбедиме праведен дел од работите кое општеството ги нуди иако сите тие работи ги овозможил токму нашиот труд. Тоа е затоа што работникот во натпреварувачкото стопанство не е платен според извршената работа, платата му е најмалку возможно количество на пари за да работникот не почне да бара подобро платена работа. Тоа е законот на понудата и побарувачката.

Работодавецот мора да настапува затоа што мора што повеќе да оствари екстра капитал за рекламирање, проширување на корпорацијата и на сето друго што му овозможува да остане на чело. Во спротивно наскоро нема да остане работодавец затоа што неговите работници набрзо ќе работат кај “поуспешен“ сопственик.

Постои дури и збор за сите тие многубројни работни саати и неправедна плата, искористување. Но тоа не е единствена слабост на “продуктвноста“ која ја произведува натпреварувачкиот систем. Исто така и самите работодавачи се збиени в ќош на илјада начини: тоа е исто така една од причините зошто е нашето работно опкружување толку нестабилно. Економскиот систем кој ја наградува продуктивноста повеќе од нешто друго не им дава на корпорациите друг извор освен да влезат во дивина и да создаваат профит дури и ако тогаш треба да се работат и работите кои ја уништуваат околината за цена на профитот и продуктивноста. Така ги снемувало шумите, така настанала озонската дупка, така снемало стотици животински видови: се е уништено во таа “трка на стаорци“. Таму каде некогаш биле шуми сега се трговски центри и бензиски пумпи, да не го ни спомнуваме загадувањето на воздухот.

Поважно е да се има простор за продажба и купување, отколку зачувување на смиреноста и убавината на природата, наместо бизони и орли , сега имаме животни затворени на животински фарми, каде ги претвараме во машини за млеко и месо. Нашиот натпреварувачки економски систем не присилува да замениме нешто што е убаво и едноставно со нешто вредно и еднолично.

И тоа не е ограничено само на нас и нашите соседи. Капитализмот и неговите вредности се имаат раширено во целиот свет како болест. Натпреварувачките компании ако сакаат да го задржат местото во однос на останатите компании мораат непрестано да го шират својот пазар, со уверување или со сила. Токму заради тоа можете да купите Кока Кола во Египет или да јадете во Мекдонлдс во Кина. Ако погледнеме во минатото лесно ќе се увериме на кој начин капиталистичките корпорации се избориле за својот пат од држава до држава, дури и со употреба на сила доколку тоа им се чинело непоходно. Денес луѓето во скоро сите краишта на светот го продаваат својот труд на мултинационалните компании, многу често за помаку од еден долар на саат, како би можеле да трчаат по статусни симболи кои компаниите ги употребуваат на нивно сопствено малтретирање. Богатство кое го ствараат со својата работа е одтргнато од нивна заедница и е ставено в џеб на тие големи компании кои многу често ги сменуваат тие едниствени култури со стандардизирана монокултура на западно потрошувачко општество. Како доказ, луѓето во тие држави тешко можат да си дозволат да не бидат и самите мегусебно натпреварувачки и продуктивни на ист начин како и нивните корисници. Последица на тоа е дека е целиот свет стандардизиран под еден систем – капиталистички. И се е помалку веројатно дека луѓето воопшто можат да си предстват дека постои поинаков начин.

Значи каква продуктивност натпреварот вистински создава? Ја поттикнува само материјалната продуктивност, што значи добивка по секоја цена. Затоа не добиваме квалитетни производи, во интерес на производителот е да што побрзо дојдеме и купиме нов автомобил или телевизор кога после пет години ќе ни се расипат. Ниту ги добиваме производите кои се осмислени за нашите животи и кои би ни донеле среќа. Ги добиваме производите кои ни е најлесно да ги продадеме и од кои се добива најмногу профит. Имаме кредитни картички, со внимание направени филтер цигари кои содржат осум различни хемикалии кои предизвикуваат зависност. За да може една компанија да ги победи останатите ние ги трошиме нашите нерви кога работиме за развој и масовно производство и кога купуваме работи кои ни носат удобност и го подобруваат стандардот на преживувањето, значи не ни го подобруваат квалитетот на животот. Потребно ни е повеќе смисол и радост во нашите животи, многу повеќе отколку ли миксер, видео игри или чипс. Но сите сме толку зафатени што немаме време да размислуваме за тоа.
Натпреварувањето не значи да се здружиме во множество и заедно да одлучиме што е најдобро за нас и за цел свет, ниту да ги сториме тие работи како поединци. Наместо тоа човековото делување и промени кои ги произведуваме во светот се одредени со законот на натпреварот – според тоа што најдобро ќе се продаде.

Секако и во помалку натпреварувачко општество можеме да успееме да произведеме се што ни е потребно а без да бидеме присилени да произведуваме безвредни вишоци кои моментално ги преплавуваат државите. Возможно е дека тогаш можеме да се посветиме на создавање на најважната работа – човековата среќа.

“САМО НЕМОЈ ДА МИ КАЖЕШ ДЕКА ЖИВОТОТ БИ БИЛ ПОДОБАР И НИЕ ПОВЕЌЕ СЛОБОДНИ ВО СИСТЕМ КАКО ШТО ГО ИМАЛ СОВЕТСКИОТ СОЈУЗ !“

Не, секако дека не. Стопанството на СССР не беше ништо подемократско од стопанството на САД. Во САД е поголемиот дел од капиталот во рацете на корпорациите кои таа сила понатаму ја користат за контрола над животите на своите работници, и до некоја мерка и над своите странки и сите останати. Во СССР поголемиот дел од капиталот беше во рацете на само една сила, всушност владата која на тој начин имаше се во сопственост. Иако всушност немаше внатрешно натпреварување кое ги води западните корпорации кон немилосрдноста, но и владата на СССР се натпреварувала со стопаснска сила и продуктивност на други држави. Тоа ја однело до истите екстреми кои се толку карактеристични за западниот свет, уништување на околината и искористување на работниците. И во двата система можеме да видиме катастрофални последици кои се слика на распределба на поголемиот дел на богатството во рацете на малкумина. Тоа што сега треба да пробаме е систем во кој сите треба да делиме богатство и глас во врска со тоа као ќе живееме и работиме.

ЗНАЧИ, КОЈ Е ТОЈ ШТО ЈА ИМА СИЛАТА ВО КАПИТАЛИЗМОТ?

Во систем во кој лугето се натпреваруваат само за богатство и сила која доаѓа со тоа, нормално дека тие кои се во таа борба немилосрдни се и тие кои имаат најмногу богатство и сила. Затоа капиталистичкиот систем поттикнува измами, искористување и безобзирно натпреварување, ги наградува тие кои играат по тие правила и така им дава најмногу сила и најважен глас за одлучување во општеството.

Корпорации кои се најуспешни во убедувањата дека ни се потрбни нивните производи (без оглед да ли навистина ни требаат или не), важат за најуспешни. Само така можеше компанија како што е Кока Кола (која всушност произведува една од најмалку потребните работи на пазарот) да го сочува своето богатство и сила – беа најуспешни во промоција на својот производ, а не заради тоа што нудат нешто вредно. Кока кола не е највкусниот пијалок кој светот некогаш го пробал – но затоа е немилосрдно најпромовирано. Тие кои се најуспешни за време на создавање на опкружување кое нас не уверува и во иднина да купуваме од нив (дури и ако тоа значи дека манипулираат со нас по пат на рекламни кампањи или на некој друг начин), имаат највеќе сила над опкружувањето во кое живееме. Затоа нашите места се преполни со рекламни паноа и рекламни објекти, а не со уметности,јавни паркови или плажи. Затоа весниците и ТВ програмите се полни со искривени вистини и чисти лажги, продуцентите се се повеќе зависни од тие што рекламираат, а тие се спремни да направат се, дури и да ја изменат вистината и да шират лаги, за да го зголемат, сочуваат своето богатство.Капитализмот практички гарантира контрола над настаните во општество на тие кои се најмногу тврди и безчувствителни.

Бидејќи сме сите оставени на нивната (не)милост и никој не сака да заврши на спротивната страна, не тера на похлепа, крутост и безчувствителност. Секако никој сам по себе не е себичен или несрдечен. Има многу малку луѓе кои тоа би го посакувале или во тоа би уживале, и ако имаат можност тоа го избегнуваат. Но просечното работно опкружување е такво да ги обликува луѓето во ладни и безчувствителни едни спрема други. Ако некој влезе во пекара гладен, а е без пари, правилата на фирмата одредуваат вработените да го исфрлат надвор со празни раце, отколку да му дадат нешто бесплатно – без оглед на тоа што поголемиот дел од пекарите секој ден фрлаат многу леб кој не можат да го продадат. На вработените им е непријатно заради тоа, сакаат да помогнат, додека гладните нив ги окривуваат бидејќи не им помогнале. Всушност само капитализмот е тој што ги тера еден против друг. И жалосно е да всушност надреден кој најмногу ги почтува тие правила биде пофален, унапреден од страна на главниот (сопственикот).

Тие кои ќе се осмелат своите животи да ги посветат на работи кои не се исплативи, воглавно немаат сигурен статус и сигурност, дури и ако ги работат работите кои можат да имаат голема вредност за општеството, како уметност, музика или социјална работа. Ако со тоа не успеат да створат профит ќе имаат тешкотии со самото преживување а не да можат да ги подобрат или развијат своите проекти и со оглед силата да произлегува пред се од богатството нивно влијание во општеството во кое живеат ќе биде многу мало. Затоа корпорациите на кои им е единствена цел зголемување на своето богатство и сила за себе, секогаш ќе имаат поголема силе и влијание на настаните во капиталистичко општество него уметниците или социјалните активисти. Во главно сите точно знаеме дека само една рака луѓе можат да си дозволат да ги работат работите кои се многу важни а не носат пари.Можеш ли да замислиш каков ефект има сето тоа.

КАКВИ ПОСЛЕДИЦИ ОСТАВА СЕТО ТОА НА СВЕТОТ?

Капиталистичкиот систем на просечениот човек му дава минимална контрола над колективните средства и технологијата на тоа општество и на неговото развивање. Иако всушност неговиот труд ја овозможил изградбата на општеството во кое живее, таков човек чувствува како да му е тој труд, негов потенцијал и потенцијал на слични луѓе на него, надвор од негова контрола, нешто што го работи само заради другите и не заради своја желба. Значи ништо чудно да се чувствува разочарано, немоќно, незадоволно и без надеж. Но само заради помалку контрола не е еднинствена причина за капитализмот да биде така непријатен на човековата среќа. Наместо деморатска контрола над нашите животи и општество, имаме практички несрдачна доминација на присила.
Насилство не е само тоа луѓето физички да се повредуваат мегу себе. Насилство е дури , иако во мала мерка, да употребуваш присила во меѓусебни односи. Капитализмот се темели на насилство. Во капиталистичкиот систем сите економски закони владеат над човекот на основа на присила: Работи или биди гладен. Доминирај или биди подреден. Натпреварувај се или нека те снема. Продавај ги своите саати од животот за голо преживување или пропаѓај во сиромаштија или во затвор.

Голем дел од луѓето одат да работа затоа што мораат, а не затоа што тие тоа го сакат. Го продаваат своето време за да можат да осигураат храна и сместување, за да плаќаат сметки за сите статусни симболи и раскош, бидејќи се научени нив да ги прибираат, само заради тоа што знаат дека алтернатива на тоа е да страдаат или да бидат исклучени од општеството. Возможно е некои работи кои мораат да ги извршуваат на работа и да им се допаѓаат, но сеедно тие работи ќе ги извршуваат на свој начин и тогаш кога тие сами ќе посакаат, всушност ќе работат и други работи за кои работата им одзема премногу време и енергија. За луѓето, кои всушност сакаат да бидат на друго место, извлечат максимална продуктивност, корпорациите употребуваат бројни методи на контрола: на вработените детално им го одредуваат времето на работата, ги тераат да ги исполнуваат нормите, ги имаат под постојана контрола. Шефови и работници соработуваат заради взаемна економска присила или се договараат меѓусебно со заканување. Првиот му се заканува на вториот со отказ, а вториот со непослушност и потенцијалнит отказ. Голем дел од луѓето навистина се труди да сочува нешто од чувствата за човечки потреби на другиот и на работа но бидејќи основа на нашата економија е натпреварување и доминација тоа секогаш ќе се одрази во нашите односи со оние над или под нас во хиерархијата во претпијатието.

Да ли можеш да замислиш колку покорисно и позабавно би било за сите нас кога ќе можеме да работиме од љубов а не од присила? Доколку ги работиме работите само од задоволство и доколку работиме заедно бидејќи така сакаме а не само што мораме? Зарем тоа не би направило да ги работиме работите за преживување со поголемо задоволство и заради тоа да бидеме заедно?

Покрај тоа тие причини на насилство незобиколно влегуваат во нашите животи. Ако си навикнат да луѓето ги гледаш како објекти, како средство за искористување или како непријател од кој треба да се плашиш или да го победиш тешко е да заборавиш на такви вредности кога ќе дојдеш дома. Хиерархија над нашите односи на работно место што произлегува од приватната сопственост можеме да најдеме било каде во општеството: во школо, во семејство, во пријателство, секаде е присутно начело на доминантност и подреденост. Скоро е невозможно воопшто да се замисли како навистина ќе изгледаат рамноправни односи кога живееме во општество каде сите непрестано се стремат кон превласт, бели над црни, мажи над жени, стари над млади, конформизам над индивидуализам. Тепачки на деца во школо, војни на ривалски банди, се всушност само копирање на поголеми конфликти кои постојат внатре помеѓу корпорации и народи, а служат на нивните интереси, нивното насилство се смета за изнимка, али всушност е само одраз на насилно и натпреварувачко општество во кое растат. Дури и кога потенцијални пријатели се зближуваат на темели на материјално богатство и статус, наместо на темел на срце и душа, можеме да тврдиме дека постапуваат како ги научиле, спрема лекции за пазарна вредност. Ако живееш под владение на сила, практично скоро е невозможно кај други луѓе (и во светот во целина) да бараш само корист која можат тие да ти ја донесат.

Да живееме во свет во кој ќе ги оствриме сите наши желби, без страв дека ќе страдаме, ќе бидеме луди или неприфатени, нашите животи повеќе не ќе бидат обликувани со насилство. Можеби тогаш ќе ни биде поедноставно и полесно да погледнеме еден во друг и да ја видиме убавината и единственоста, да ја погледнеме природата и да ја цениме заради тоа што е. Да се биде и да се пусти да биде, наместо да непрестано тежнееме кон моќ и предности. Во историја на нашиот вид веќе постоеле на стотици општествени системи во кои луѓето живееле на тој начин. Дали тогаш толку претерано уверување дека можеме нашето општество да го реорганизираме во нешто подемократско?

Дел 2. Преземено од anarhija.macedonianforum.net