Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата Левица, кампањата која ја води под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, ја почна со митинг во Струмица.

-Сега страдаме од божемната „наша власт“, која ги згази не само постигањата од минатото туку се однесува како внатрешен окупатор. Ни ја одзеде не само живејачката и волјата за напредување, туку и надежта. Нè ограбија, ни ја згазија честа, го продадоа најсветото, ни ги отселија најдрагите. Подготвени се да го запустат и последното парче плодна почва, воздухот го направија отровен, а последната капка вода сакаат да ја продадат на јабанџии. Сè ни одземаа – освен душата. И неа ли ќе им ја дадеме порача Ванковска во своето обраќање пред струмичани.

На митингот се обрати и лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев кој истакна: „Тачевизмот е највисок стадиум на ЗАЕВИЗМОТ и затоа Левица ја почнува својата кампања од бастионот на заевизмот. Да му брцнеме во очи на оној кој направи штета за две генерации!“

На митингот се обрати и Сашко Јанчев, носител на листа во ИЕ4 кој кој рече дека Левица ќе се бори до крај против најголемата закана за струмичката котлина – Рудникот во Иловица. „Левица нема да дозволи да има рудник!“, Истакна Јанчев.