„Прв чекор како претседател ќе биде раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија, затоа што барањата во од таа страна веќе го надминаа тој договор како таков” – истакна Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица, на денешната средба со граѓаните на Штип.

На средбите, Ванковска придружувана од пратеникот Борислав Крмов и членот на Президиум на Левица, Александар Симонов, разговараа со штипјани за моменталната ситуација во државава и за изборната програма на Ванковска. На граѓаните им беше поделена и програмата за кандидат за претседател на Билјана Ванковска.

Ванковска истакна дека граѓаните ги препознаваат искрените намери за зачувување на националното и бараат некој да го каже тоа што тие не смеат да го кажат. „Јас ветив дека ќе ја зборувам вистината и јасно го кажувам тоа што граѓаните го чувствуваат, а не можат да го кажат“.

Пратеникот и носител на листа во ИЕ3, Борислав Крмов изјави дека верува дека Левица го има најдобриот кандидат. „Професорката не е само најдобриот туку е единствен кандидат. Една е од ретките интелектуалци која во сите овие децении зборувала без влакна на јазикот. Таа е единствен интелектуалец која го нарушува статус квото во овие 30 години“, истакна Крмов. – Стои во соопштението на политичката партија Левица.