Спротивно на анализите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес за реалните потреби и доставениот Предлог план за упис на ученици во прва година во учебната 2024/25 година, МОН на 29.03.2024 година објавиле Конкурс за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/25 година во Република Македонија, во кој министерот Јетон Шаќири како потписник на овој спорен Конкурс предлага отворање на втора албанска и укинување на македонска паралелка, иако сите податоци покажуваат дека нема реална потреба за тоа.

Со тоа директно го ускратуваат правото на учениците деветтоодделенци кои следат настава на македонски јазик.

Овој предлог е продолжување на минатогодишното кршење на наставниот процес исклучиво по етничка основа, за политички цели.

Даваме целосна поддршка на наставничкиот совет во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и апелираме до Министерство за образование и наука и Министерот Јетон Шаќири да престане непотребно да шири меѓуетнички тензии!

Нема да дозволиме со притисок и покажување сила и моќ да се наруши угледот на најстарата гимназија на Балканот. Стои во соопштението на Левица ЛО Велес.