По континуирани поплаки од страна на граѓани дека подрачните канцеларии на ДИК во тек на работни денови од 08.30 до 16.30 не се отворени и дека телефонските броеви кои што се објавени на страната на ДИК за контакт со граѓаните или се исклучени или никој не се јавува, Левица како најтранспарентна партија се одлучи да ги провери дојавите од граѓаните и дојде до следните алармантни констатации

По извршената телефонска проверка во текот на изминатите денови од страна на членови на политичата партија Левица се исконтактирааа сите 34 подрачни канцеларии на ДИК од 14 до 15 часот, од кои само 7 подрачни канцеларии одговорија на повикот. Тоа се ПК во Центар, Гази баба, Гевгелија, Валандово, Кичево, Берово, Охрид.

Во сите останати подрачни канцеларии на ДИК во: Мкедонски брод, Кочани, Виница, Делчево, Струга, Радовиш, Велес, Кавадарци, Неготино, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Битола, Ресен, Демир Хисар, Гостивар, Куманово, Крива паланка, Кратово, Прилеп, Крушево, Тетово, Карпош, Чаир и Кисела Вода телефонските броеви или се недостапни, исклучени или никој не се јавува и тоа по неколку обиди на телефонско јавување.

Јавно го прашуваме претседателот на ДИК Александар Даштевски:

Дали работат подрачните канцеларии кои се напоменати? И ако ДА, тогаш кои денови и кога им е работното време?

Дали е точна информацијата дека секоја подрачна канцеларија брои 2-3 вработени? Ако е така дали над 50 вработени во ДИК не одат на работа и само ги цицаат народните пари? – се вели во соопштението на секторот политички систем при политичката партија Левица