Износените чевли со кои пензионерите четири ипол месеци газеа по улиците протестирајки ширум државата, денеска ги оставија во новогодишни пакетчиња пред Собранието. Со апел и барање до пратениците, за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари.

„Ги повикувам пратениците сите 120 кои го имаат документот, нашиот предлог закон и едниот и другиот да пристапат кон решавање на нашите проблеми еднаш засекогаш. Не ни требаат лижавчиња, ниту пакетчиња. Еве го писмото на Талат Џафери кој ни го достави дека е предадено на сите пратеници“, вели Драган Угриновски од Сојуз на пензионери.

„Ние ќе издејстуваме 5.000 линеарно зголемување на основицата на пензијата“, вели Верче Јанческа пензионерка.

Можам да кажам и тоа што го барате е малку, имате право на повеќе. Достоинствен живот нема со тие пари што ги добивате, таа најниска пензија од 12 000 денари,и под 12 000 денари ја зема баба ми лично во Штип тоа не е доволно ниту за две недели, изјави во својот говор пред пензионеритепратеникот од Левица, Борислав Крмов

Пензионерите не се откажуваат од нивните барања и се заканија дека протестите ќе продолжат доколку не добијат линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари, но за министерката за труд и социјала Јована Тренчевска ова барање е не реално.