До Црвена Младина од страна на загрижени студенти пристигнаа голем број на алармантни информации во однос на континуираната партизација на студентите во студентскиот дом „Пелагонија“. Поконкретно утре ќе се одржат студентски „избори“ каде што единствен кандидат и согласно тоа официјален студентски претставник ќе е истакнато партиско лице.

До сега претставник на студентите во управата на студентскиот дом беше лицето Трошевски Благојче, кое веќе осма година е „претседател на студентите“ во студентскиот дом Пелагонија, избран на „избори“ на кои тој е единствениот кандидат – иако е дипломиран пред повеќе од две години и официјално не е ниту примен како станар. 

Поради ажурноста на студентите кои престојуваат во Пелагонија, успеваат да издејствуваат Трошевски Благојче да не може да се кандидира за претседател по 9ти пат, но истиот тој Трошевски Благојче поради неговите партиски врски со ДПМНЕ успева да издејствува ЕДИНСТВЕН кандидат на утрешните избори да е Софија Маркова, која е истанат член на подмладокот на ДПМНЕ, УМС.

Ја потсетуваме јавноста и студентите дека согласно членот 5 од правилникот за кандидирање на студентски претседател во студентскиот дом Пелагонија е ЗАБРАНЕТО политичко дејствување на кандидатите, согласно овој член, постои многу сериозна опасност дека лицето Софија Маркова ќе ја злоупотреби оваа многу важна студентска функција за партиски цели.

Ги охрабруваме сите студенти, независно од религиска или национална припадност, слободно да ни се обратат во однос на било какви проблеми со кои се соочуваат во текот на и онака тешкиот студентски живот, а ние ќе направиме се што е во наша моќ да го актуелизираме и решиме проблемот, гарантираме анонимност! – Се вели во соопштението на Црвена Младина