Соопштение на социјалниот сектор при политичката партија Левица
Политичката партија Левица изразува целосна поддршка на барања на пензионерите за достоинствени и правични пензии.
Ја разбираме и споделуваме вашата загриженост за процентуалното зголемување на пензиите.
Левица се залага за транспарентно и линеарно зголемување на пензиите и верува дека пензионерите треба да имаат средства за пристојна егзистенција, во време кога државните функционери си ги зголемија платите за 78%.
Не може да се занемари улогата што ја играат пензионерите во нашето општество, а нивните барања и проблеми заслужуваат внимание.
Ќе продолжиме да стоиме на ваша страна во рамките на нашата визија за социјална правда и правичност. Нашата севкупна заложба е насочена кон подобрување на условите за сите граѓани, вклучително и за пензионерите.
Секогаш сме отворени за дијалог и соработка.
Вашата борба е наша борба, а ние сме тука да ве поддржиме на секој начин.
Нека се слушне гласот на пензионерите!