Левица: ДПМНЕ во договор со СДС изгласаа нови партиски вработувања во Ѓорче Петров

Реакција на ЛО Ѓорче Петров при политичката партија Левица

На денешната седница на Советот, бизнис коалицијата ДПМНЕ-СДС изгласа дополнување на Планот за вработување во 2023 година, со што овозможија минимум 14 нови партиски вработувања во тековната година.

Поразителен е фактот што, додека реализацијата на останатите програми за развој на Општината е минимален – овој план за вработување се реализираше 100%, а на денешната седница се побара и усвои негово дополнување со нови 8 работни места во општинската администрација.

Нетранспарентноста на Општината води до степен да на веб-страната не може да се најде ниту систематизацијата на работни места, па така, Стојкоски има целосна слобода за пополнување на измислени работни позиции.

Предлогот на советничката група на Левица за објавување на јавниот оглас на социјалните мрежи со цел поширока информираност, поголема конкуренција и вработување на најкомпетентна личност на предвидените позиции – беше ОДБИЕН.

Додека главен изговор за не работењето на Стојкоски е флоскулата ‘нема пари во општинската каса, Општината е презадолжена’, тој непречено и редовно одвојува средства за плати, па така, ПОКРАЈ новите вработувања во општинската администрација тој:

– Си ја зголеми платата и сите негови привилегии вклучувајќи го и годишниот одмор;

– Издвојува дополнителни 8.881.436 денари за привремени вработувања;

– Издвојува дополнителни 17.500.000 денари за ‘други договорни услуги’ (вработувања по друг основ).

Левица единствена гласаше ПРОТИВ новите партиски вработувања во општинската администрација и остро го осудува недомаќинското, расипничко и неодговорно работење на градоначалникот Стојковски.

Моментот кога Левица ќе добие поголема моќ на локално ниво, ваквото партиско трупање на администрацијата ќе биде целосно ревидирано.

https://www.facebook.com/levicagorcepetrov/posts/pfbid02yDYSJLAZ1vJw8sLC8GtCMoQR4hexC4hVpfUyMXe9CEf1AfePbSw1Ps1pjDXhcUrXl
Последно