Крмов: Широката коалиција СДС-ДПМНЕ се обедини за законот за корумпирање на медиуми

Пратеникот на Левица Борислав Крмов за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумиски услуги

„Овој закон, кој е за ПОТКУП на медиуми и е поднесен вчера, денес е ставен на дневен ред. Јас прашувам, како е можно нашиот Закон за здравствена заштита, кој конкретно се однесува на третманот за дијабетес и дијабетичарите и е поднесен на 8 октомври, се уште не е готов?!

Додека законот за поткуп на медиуми, кој го поддржа и ЛАЖНАТА опозиција, се става на дневен редн од ден за ден. Значи, се гледа што му е битно на ова Собрание! Народот и пациентите апсолутно не му се битни, додека од друга страна, поткуп на медиумите и тоа како е битен.

Значи таа груевистичка метода за поткуп на медиумите, која СДСМ ја критикуваше, сега СДС ја враќа назад и тоа заедно со ВМРО-ДПМНЕ!”

Последно