Крмов: Девет месеци нема тендер за глукомери и ленти за дијабетичари

Пратеничко прашање на пратеникот од Левица, Борислав Крмов до Заменик министерката за здравство, Манолева:

„Моето прашање е за третманот на дијабетичарите кон Министерот за здравство, односно неговата заменичка МАНОЛЕВА. Во моментов, глукомери и ленти за дијабетичари нема веќе девет месеци.

Пациентите се приморани да ги купуваат на ПРИВАТНО и тоа ги чини околу ЧЕТИРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ месечно! Ние од Левица, поднесовме предлог – закон којшто сите овие помагала веќе ќе ги направи и законска категорија, заедно со нивните современи алтернативи.

Моето прашање е: Зошто сѐ уште доцни тендерот за набавка на глукомери и ленти за дијабетичари, кога конечно ќе го има и дали воопшто се размислува во Министерството за модернизација со инсулински пумпи и системи за континуиран мониторинг на гликемија.“

Последно