Деновиве во јавноста вирално стана видео од партиска трибина организирана од страна на ДПМНЕ на кое членот на Извршниот Комитет на партијата Маја Кадиевска јасно и гласно кажува колку таа, а со тоа и цело раководство на ДПМНЕ всушност го дехуманизираат трудот – велејќи дека не можела да најде „жени за чистење“ за својот дом, а поконкретно за нас како млади студенти, за кои како што вели Кадиевска „требало да работат 3-4 работи како во САД“.

Со ова јавно укажување на волјата да се скратат вековно старите придобивки крвинички стекнати од страна на работничката класа ДПМНЕ најавува дека ќе ги вратат назад децата на работа. Кадиевска, дали од не знаење дали од некакви други мотиви како за пример ја зема државата со најлошите услови за студирање од сите Западни држави па и пошироко.

Во САД високото образование е целосно елитизирано и недостапно за „обичните смртници“ кои не се дел од капиталистичката елита и согласно тоа не се во можност да плаќаат десетици па и стотици илијади долари школарина на годишно ниво. Поради ова како „систем“ е наметнат земањето на т.н студентски долгови со енормни каматни стапки кои претставуваат единствен начин за работничката класа да се приближи до високообразовна институција. Поради овие „студентски кредити“, студентите во САД се ПРИМОРАНИ да работат 3-4 работи само за да ги исплатат долговите, а не бидејќи градат „работна култура“.

Проблемите со иселувањето на младите во Македонија не е недостатокот на работна култура, напротив голем дел од студентите во Македонија исто така се во работен однос благодарение на бесрамното крадење од страна на криминогенте и коруптивните политички структури кои се на власт изминативе 30ина години и кои Кадиевска и нејзината матична партија ги застапува.

Дел од проблемите за иселување на младите се: наместени конкурси, руинирано државно здравство, криминално големите кирии, ниските плати, високата цена на станови, шерифскиот однос на газдите спрема вработените, средновековните студентски домови и училишта, сотрена инфраструктура, не исплаќање на плати, потценување на младите, барање години искуство за почетна позиција што е одраз на таа една квази-елита, корупцијата, глорифицирање на маани, а не доблести,, констатна етно-тензија, инфлација, рецесија, и ред други работи.

Не е проблемот навиката, проблемот е најмалиот заеднички содржател, а тоа сте вие, институционализираните арамии со аманет од вашиот пример – САД. – Се вели во соопштението на Црвена Младина