Агенции за обезбедување – злосторнички здруженија?

Јавна тајна е дека, покрај наводните заложби на владата за унапредување на стандардот на граѓаните, работничките права на вработените во приватниот сектор кои се утврдени со закон воопшто не се почитуваат. Но можеби најлошиот дел е тоа што работниците тврдат дека немаат каде да пријават.

До редакцијата на Движењето за Социјална Правда ЛЕНКА пристигна пријава од работник кој поради страв од политички прогон на моменталните криминогени политички елити сака да остане анонимен кој ни ја испрати следната порака:

„Сите агенции за приватно обезбедување не почитуваат ниту едно работничко право во склоп со Законот за работни односи. Односно НИТУ една од агенциите за приватно обезбедување не исплаќаат: К – 15 (или смешна сума од 1 000 денари или ништо), не исплаќаат надоместок за работа во недели и празници, надоместок за ноќен труд, не исплаќаат ниту минат труд ниту јубилејни награди. Исто така СИТЕ агенции не ги почитуваат правата кои им следуваат на работниците кои работат во смени, односно топол оброк и слично. 

Ова е повеќе пати (анонимно) пријавено до надлежниот трудов инспекторат како и до Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), од кои не е добиено апсолутно никаков повратен одговор и никаква истрага не е спроведена веќе подолг временски период. Што треба еден работник во оваа држава да направи за да ги добие своите законски гарантирани права. Симптоматично е како тоа сите агенции заедно го кршат законот без никаков страв од санкции од државата, дали тоа значи дека тоа им е одобрено од владата?“  ни напиша граѓанинот.

Во ситуација кога е владата форсира увоз на странски работна сила која ќе биде УШТЕ помалку платена од македонската се поставува едно многу важно прашање: Што државата прави за да ги задржи македонските работници?

Последно