Алберт Ајнштајн е можеби најпознатиот физичар на сите времиња. Но она што е помалку познато е дека истовремено бил и социјалист. Тој во неговиот есеј „Зошто социјализам“ објавен 1949 година, јасно ги искажува своите ставови. Во овој текст Ајнштајн вели:

„Капитализмот, каков што постои денес, за мене е вистинскиот извор на злото“

Тоа зло – како што го опишува Ајнштајн, за него може да се уништи на само еден начин:

„Убеден сум дека постои само еден начин да се отстранат овие тешки зла, имено, преку воспоставување на социјалистичка економија, поврзана со образовен систем кој би бил насочен кон општествени цели. Во таква економија средствата за производство се колективна сопственост и тие се користат плански“.

Ајнштајн се воодушевувал на СССР и нивните достигнувања, па дури и бил член на друштвото на пријатели на СССР. За Москва тоа било огромна победа на почетокот на ладната војна, фактот дека најголемиот физичар на светот, во социјализмот го гледа идеалниот систем познат на човештвото, имало огромно значење.

Во исто време, токму Ајнштајн претставува наголемиот страв за дијалектичките научници во СССР – неможноста да се најде место за неговата теорија на релативноста го направи овој мислител контроверзна личност за Советскиот Сојуз во првите децении на 20-тиот век. Каков беше односот меѓу Сталин и Ајнштајн и на чија страна беше најголемиот ум на таа ера?

Доаѓањето во САД

Во периодот кога требало да дојде во САД, тој таму воопшто не бил добредојден за американските служби па и за пошироката јавност. Во 1932 година, Женската патриотска организација испрати писмо од 16 страници до Стејт департментот, во кое ги презентираше причините зошто на Ајнштајн не треба да му се дозволи да влезе во САД. Тие во тоа писмо велат:

„Дури и Сталин не бил лично поврзан со толку многу анархо-комунистички групи како Ајнштајн“

Ајнштајн под сомнение дека е советски агент, бил следен и шпиониран од ФБИ од 1933 година до неговата смрт во 1955 година. Агентите ги прислушувале неговите телефонски разговори, го следеле и го пребарувале неговото ѓубре. Во една прилика дури и ја пребарале куќата на секретарката на Ајнштајн.

Марксистичката догма и теоријата на Ајнштајн

На другата страна на светот, Ајнштајн имаше поинаков конфликт. Самиот Сталин почувствува дека од марксистичка гледна точка нешто не е во ред со релативистичката теорија. Отфрлањето на теоријата на Ајнштајн произлезе природно од основната шема на дијалектиката на Маркс. Дури и самиот Јосиф Висерионарович ја критикуваше теоријата на релативноста како апсурден производ на буржоаската мисла во неговиот „научен“ опус.

Без оглед на неговите теории, иако беше препознаен како пријател на СССР во текот на 1930-тите, но и како најпознатиот пацифист и противник на нацизмот меѓу научниците, Ајнштајн беше оценет како човек без доволно цврст став.

Сепак, односот кон него ќе се промени со текот на времето. Ова се случува поради тоа што ќе се дојде до очигледни докази дека теоријата на Ајнштајн е точна. На почетокот, додека работат на проекти за изградба на атомска бомба, советските физичари не смеат да се повикуваат на теоријата на релативноста, туку постојано ја користат нејзината последица на можноста за претворање на масата во енергија, што е основниот принцип на функционирање на нуклеарното оружје.

Иако беше официјално забрането да се повикуваат на Ајнштајн, многу физичари забележуваат дека идеолошката догма ја потиснува теоријата која несомнено функционира и се заснова на експериментални тестови.

Така, уште во времето на Сталин, марксистите не направија целосно отфрлање на релативизмот како буржоаско зло.  Оваа промена во погледот веројатно се случила и кај самиот Сталин, кој сè поповолно гледал на Ајнштајн, кај кого ја препознал практичната страна на неговите теории.

Поканата од Сталин

Во времето кога ја објави статијата „Зошто социјализам?“, претставувајќи ја својата визија за решението на растечките неправди во капиталистичките општества, Ајнштајн зад себе имаше кариера која буквално го промени светот. Втората светска војна заврши, атомските бомби беа фрлени на Хирошима и Нагасаки, беше основана државата Израел, за што лично се залагаше Ајнштајн, иако одби да ја прифати позицијата на нејзиниот прв претседател.

Во 1952 година, и покрај сè што напишал за него и неговите теории, и покрај релативистичките физичари, Јосиф Сталин лично го поканил Ајнштајн да започне да живее во Советска Русија. Сепак Ајнштајн ова го одбива и останува во САД. Сталин умира следното лето, а Ајнштајн 2 години по него, во 1955-та година.

Покрај сите нивни согласувања и несогласувања, нивната меѓусебна почит е евидентна. Ајнштајн и Сталин оставаат огромна трага во човековата историја, и засекогаш го менуваат светот во којшто живееме.