На денешен ден во 1945 година, Соединетите Американски Држави фрлија нуклеарна бомба на јапонскиот град Хирошима. Ова беше првпат во човечката историја да е користено нуклеарно оружје во војна. Всушност, тоа беше немилосрдно тестирање врз цивилното население. Нуклеарната бомба детонирана во Хирошима како и таа фрлена во Нагасаки убиваат преку 250, 000 цивили. Овој настан во западниот наратив се оценува како моментот кога Јапонија е поразена во Втората светска војна. Но, не е сѐ како што изгледа.
Наративот наметнат од западната историографија за настаните во Јапонија мора повторно да се разгледа. Улогата на Советскиот Сојуз и злосторствата на САД во текот на војната против Јапонија во Втората светска војна се клучни при разбирањето на историските настани од тој период.
Советскиот Сојуз одигра клучна улога во поразот на Јапонија во Втората светска војна. Иако главниот фокус на Советскиот Сојуз беше на источниот фронт против Нацистичка Германија, по капитулацијата на Германија во мај 1945 година, Советите ја свртеа својата внимателност кон Јапонија.
На 8 август 1945 година, Советскиот Сојуз објави војна на Јапонија и започна офанзива против јапонските сили во Манџурија. Во оваа Манџурска офанзива, советската Црвена армија, заедно со монголските сојузници, брзо и ефикасно ги порази јапонските Квантунг сили, кои беа една од најголемите и најдобро обучените армии на Јапонија.
Советската офанзива успеа да го уништи целиот индустриски комплекс на Јапонската Империја лоциран во Манчурија. Со тој стратешки удар успеваат да ја отсечат Јапонија од критичните ресурси со кои ја хранеа сопствената воена машинерија.
Имајќи ги во предвид овие факти, САД не фрлија нуклеарни бомби врз Јапонија за да ја завршат Втората светска војна. САД фрлија две нуклеарни бомби како демонстрација на сила кон Советскиот Сојуз. САД никогаш не се извини, а јапонските марионетски влади ги избришаа воените злосторства на САД од наративот.
Додека САД прават непромислени чекори кон нуклеарна војна со Кина и Русија, никогаш, никогаш не смееме да ја заборавиме вистината на годишнината од нуклеарните воени злосторства кои САД ги извршија против Хирошима и Нагасаки.