Денес ја обележуваме 80 годишнината од еден од најсветлите денови во македонската историја, првото собрание на АСНОМ. Можеби значењето на настанот најубаво го доловува неговиот воведен говор, каде се истакнува вековната борба за самостојност, која преку двата Илиндена кулминира во државност и слобода.

Другарки и другари народни претставители, Во овој момент, во ова историско место „Св. Отец Прохор Пчински“ и на овој историски ден – ИЛИНДЕН -, кога објавувам да е отворено Првото Антифашистичко собрание на народното ослободуење на Македонија, душата ми е преполнена со радост и пред премрежените очи гледам како се раздвижиле сите реки од Пчиња и Вардар до Места и Бистрица, заплускујат е целата македонска земја, сакајќи да измијат од македонскиот народ десетвековниот ропски срам од пропасти на Самуиловата држава, за да се роди денеска нова, светла и слободна македонска држава.

Во овој момент, земјата на нашите покојници – многубројни народни герои, паднали и посејали коските си по цела Македонија, им станује по лека и они во мир веќе го гледаат изгревот на нашата слобода, гледат идеална дружба на старите Илинденци – на Гоце Делчев и денешните Илинденци – младата македонска војска, и поставените темели за остварението на идеалот на две поколенија, на две епохи – слободна, обединена Македонија.Панко Брашнар

Не е случајно дека повеќето од оние кои ги положија животите на браникот на републиката беа комунисти, млади луѓе кои го ставаа општото добро пред личната корист, кои успеаја да изградат држава каде секој имаше свое место под сонцето, каде со насмевка се одеше на работа, каде правото за достоинствен и безбеден живот беше загарантирано, и која стана пример насекаде во светот како треба да се грижи за сопствениот народ. Во чест на загинатите херои, и нивните идеали, делегација од највисокото раководство и парламентарната група на партија Левица денес положи цвеќе во манастирот Прохор Пчински. Да не ги заборавиме безбројните жртви на цели генерации, и да не ги заборавиме нивните идеали за праведност, рамноправност, братство.