На денешен ден 13.11.1944 е ослободен градот Скопје од страна на македонските партизани. После неколку дена жестоки борби против фашистичките окупатори партизаните успеваат да го исчистат Скопје од сите окупаторски и колаборационистички сили. Кратко после ослободувањето, Радио Софија започнува да шири пропаганда дека всушност бугарската војска го има ослободено Скопје. Всушност, еден куршум не бил истрелан од страна на бугарската војска во полза на партизаните.

Најјасни податоци за овој чин дава Боро Чушкар во неговите мемоари и сеќавања. Исто така го потврдува фактот за манипулацијата на Радио Софија, која на големо ги манипулирала бугарските граѓани дека Генералот Стојчев лично го ослободил Скопје.

Отидов и го прашав: „Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека војуваме против вас четири години? Да ви ја ебам мајката фашистичка! Знаеш ли ти, ѓубре едно бугарско, ако направите уште еден единствен чекор кон градот, дека ќе наредам да се пука кон вас од сите оружја и орудија што ги има во градот!?

Се влечете како лешинари по нас и јавувате по радио како ја „ослободувате Македонија”!? Каде вие испаливте куршум за ослободување на Велес и Скопје, да ви ебам мајката! Што ви дава за право така гадно и подло да се лажете себеси и светската јавност!? Сместа во овој момент ќе им наредите на војската да се сврти на лево круг и сите да се вратите во касарните од каде и дојдовте. Дали разбравте, генерале? Со нас шали ќе нема!“, му реков нему, а кога завршив, видов дека сè уште го држам за градите како детска играчка.

Тој цело време трепереше како штиклица. На крајот, сепак, отсечно рече „Јасно другар. Но јас не сум виновен. Таква наредба добив“.

Тогаш јас повторно викнав „Да им ебам мајката на оние што ти дале наредба за ова. Наредби они можат да дадат за изведување вежби во касарните каде ве примивме како гости, а не да ми се маате и парадирате по градот. За тоа само ние можеме да дадеме одобрување, а не твојата посрана влада од Софија. Дали сега ти е јасно?“, го прашав.

„Сичко ми е јасно“, рече тој. Тогаш тој престрашен генерал со сув глас нареди круг на лево, и се вратија.

Со, ова јасно им било дадено до знаење дека во градот ќе парадираат само оние кои се бореле за неговата слобода – македонската армија партизани.

Борецот Трајко Стаматовски, исто така потврдува дека ослободувањето на Скопје е дело на македонските борци и партизани. Потегот на генералот Апостолски да не им се дозволи парадирање на бугарската армија (бидејќи не учествувале во битките за слобода на Скопје), според него одиграл важна улога и за денешно време. Изненаден од тоа што Бугарија и во модерно време пробува да ја извртува и манипулира историјата за овој настан, смета дека ако тогаш им се дозволело да парадираат, дека денес Македонија ќе имала многу поголеми проблеми, објаснувајќи се со бугарската историографија.