Колумни

Јавен долг – фиктивна економска категорија

Пари?! Што се тоа пари? Ова, навидум едноставно прашање, сепак нема едноставен одговор, особено не во светот на граѓанската економија. Имено, дефинирањето на парите е предмет на расправа веќе подолго време, а тешкотиите  се зголемуваат право пропорционално со техничко-технолошките...

Каде се работничките права?

Достоинството е над смртта. Но, каде е достоинството на работникот? Чикаго, 1886 година – околу 200.000 работници излегуваат да се борат за своите права. Македонија, 21 век – константно кршење на работничките права. „ Правилата на глобалната економија треба да бидат насочени кон...

Како НВО-секторот во Македонија го задуши граѓанскиот активизам

Семинарски обучените „НВО-елитисти“, заглибени во намерите да ѝ се бендисаат на образованата јавност, сосем заборавија дека Јавното е многу поширока категорија. Тоа не е група од начитани луѓе кои се собрале за да постанат „јавност“, туку е простор за...

Етникум – бомба која тлее

Религијата (како најважен составен дел на еден етникум) и национализмот (како мутиран и политички организиран етникум) како историски феномени беа причина за најголемите разурнувачки судири помеѓу народите наназад во историјата. Симбиозата на овие два историски феномена пак е особено...

Ноемвриските тези – за илузиите на ревизионистите и реформаторите

Критиката на политиките кои заговараат еднаквост и правичност, покрај другите, има и една исклучително важна карактеристика, а тоа е демаскирање на популистиките намери на оние кои тие политики ги обелоденуваат. Во насока на критичкиот пристап кон сето она што...

За кого се носи законот за „Бехтел и Енка“ во македонското собрание?

Бехтел и Енка имаат низа на скандали поврзани со изградба на автопати во Хрватска, Романија, Косово, Албанија, а од утре и во Македонија. Кристофер Дел, дипломат, номиниран од Барак Обама да ги претставува САД во Приштина, беше вработен во корпорацијата...

Таксим можеби не е Тахрир, но се движи во таа насока

Свеста од типот „Таксим не е Тахрир“ или “Ердоган не бил Мубарак”, “Турците не се Арапи” и слично, пред се имплицира на еден тотално незаинтересиран и аполитичен став кон општествените/јавни работи за кои имаме, или би требало да имаме...

Црвено vs. Црно Скопје

1.Вовед Анализирајќи ја општествено-политичката култура на Балканските народи се добива впечатокот дека Француската револуција воопшто не се случила, или дека овие општества воопшто не се допрени од тие вредности кои така силно одекнаа на светската сцена. Тука ќе си рече човек...

Странски инвестиции – концентрациони логори во Македонија и Балканот

Исцедете, ограбетепот и труд и меса голи,уста пуста затворетеда не каже оти боли. Очи црни ископајтеда гледајат не давајте,раци машки прекршетесрце лудо наранете. Угаснете и светлини! Мрак да биде – каракамен (Коста Солев Рацин) Империјализмот во балканските држави има квалитативно својство на странски инвестиции...

Боговите ги заслепуваат оние што сакаат да ги уништат

Охридското Езеро реши да ја искористи поволната за него временска прилика која што му се укажа претходните денови (се разбира неповолна за човекот затоа што тоа за него претставува само невреме и ништо повеќе), та самото си се справи...

Последни