Израелските власти „ветија дека ќе се запре тероризмот“ врз палестинците

Шефовите на израелските безбедносни сили ги означиле нападите на доселениците врз палестинските села на окупираниот Западен Брег како „националистички тероризам“ што заслужува засилени контра мерки, а нивните забелешки предизвикале гнев кај министрите од екстремната десница во кабинетот, известува Ројтерс.

Напливот на насилство во текот на изминатата недела на Западниот Брег вклучи дивеење на голем број израелски доселеници врз палестинските градови и села што предизвика меѓународна осуда и загриженост од Белата куќа.

Во саботата, доселениците запалиле најмалку две куќи во палестинското село Ум Сафа во близина на Рамала, велат жителите. Израелската војска соопшти дека најмалку еден израелски осомничен е уапсен.

Министерот за одбрана Јоав Галант го осуди нападот.

Во заедничката изјава, началниците на израелската војска, полиција и домашната служба за безбедност рекоа дека дејствијата на доселениците се еднакви на „националистички тероризам“ со кој тие ветија дека ќе се борат.

Војската ќе ги зајакне своите сили во областа за да спречи такво насилство, рекоа тие, а домашната безбедносна служба Шин Бет ќе ги засили апсењата, вклучително и „административен притвор“ во кој осомничените ќе можат да се држат без обвинение.

Превземено од: https://www.slobodenpecat.mk/izraelskite-vlasti-vetija-deka-kje-se-zapre-terorizmot-na-doselenicite/

Последно