Кина го поддржува проширувањето на БРИКС

Пекинг го поддржува додавањето на сојузнички држави во групата БРИКС, која сега ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

-Кина постојано го поддржува проширувањето на БРИКС – рече таа на прашањето на новинарите да ја коментира можноста Бангладеш да се приклучи на групата.

Според неа, Кина го гледа БРИКС како важно место за светска соработка и развој на пазарите.

Таа додаде дека Пекинг го поздравува најновото пристапување на истомисленици во БРИКС, пренесе ТАСС.

Весникот „Дака трибјун“ вчера објави дека Бангладеш официјално поднел барање за приклучување кон БРИКС.

Превземено од: https://denar.mk/287878/ekonomija/vazno-mesto-za-svetska-sorabotka-kina-go-poddrzuva-prosiruvanjeto-na-briks

Последно