СПРОТИСТАВЕТЕ СЕ НА ОБОЖУВАЊЕТО НА КНИГИТЕ [Мао Це Тунг – последен дел]

Пристап до четвртиот дел: https://lenka.mk/left_literature/sprotistavete-se-na-obozhuvaњeto-na-knigite-mao-cze-tung-chetvrt-del/

VII ТЕХНИКАТА НА ИСТРАЖУВАЊЕ

  1. Држете состаноци за утврдување на фактите и преземајте истрага преку дискусија.

Ова е единствениот начин да се приближиме до вистината, единствениот начин да се извлечат заклучоци. Лесно е да се направат грешки ако не одржувате состаноци за утврдување на фактите за истрага преку дискусии, туку едноставно се потпирате на еден поединец кој го раскажува своето искуство. Не можеме да извлекуваме повеќе или помалку точни заклучоци на такви состаноци ако лежерно поставуваме прашања, наместо да поставуваме клучни прашања за дискусија.

  1. Каков тип на луѓе треба да присуствуваат на вакви состаноци?

Тоа се луѓе кои се добро запознаени со социјалните и економските услови. Кога станува збор за возраста, постарите луѓе се најдобри, бидејќи тие се богати со искуство и не само што знаат што се случува, туку и ги разбираат причините и последиците. Треба да бидат вклучени млади луѓе со искуство во борба, бидејќи имаат прогресивни идеи и остри очи. Што се однесува до работната позиција, треба да има работници, селани, трговци, интелектуалци, и понекогаш војници, дури и скитници. Нормално, кога се разгледува одредена тема, не мора да бидат присутни тие кои немаат никаква врска со тоа. На пример, работници, селани и студенти не мора да присуствуваат кога темата на истражување е комерција.

  1. Што е подобро, голем состанок за утврдување на фактите, или мал?
Мао Це Тунг

Тоа зависи од способноста на истражителот да спроведе состанок. Ако тој е добар во тоа може да се свика состанок со дванаесетмина, па дури и дваесетмина или повеќе луѓе. Голем состанок има свои предности. На пример, од одговорите можеш да извадиш прилично прецизна статистика (како што е откривањето на процентот на сиромашни селани во севкупната селска популација) и прилично точни заклучоци (на пр., во откривањето дали е подобра еднакава или диференцирана прераспределба на земјиштето). Секако, тоа има и свои недостатоци, тешко ќе ти биде да одржуваш ред, освен ако не си вешт во спроведување на состаноци. Бројот на присутни луѓе на еден состанок зависи од компетентноста на истражителот. Сепак, минимумот е три, или во спротивно добиените информации ќе бидат премногу ограничени за да одговараат на реалната ситуација.

  1. Подготви детален преглед на истражувањето.

Треба да се приготви детален преглед предвреме, истражителот треба да поставува прашања согласно прегледот, а присутните на состанокот да даваат одговори. Точки што се нејасни и сомнителни треба да се дискутираат. Детаљниот преглед треба да вклучува главни теми и поднаслови, како и детални ставки. На пример, земајќи ја трговијата како главна тема, таа може да има такви поднаслови како што се ткаенина, жито, други потреби и лековити билки. На пример, под ткаенината може да има такви детални ставки како калико, свила и сатен.

  1. Лична партиципација.

Сите одговорни за давање раководство, од претседателот на градската влада до претседателот на централната влада, од водачот на одредот до врховниот командант, од партискиот секретар до генералниот секретар, мораат лично да преземат истрага во специфични социјални и економски услови, а не само да се потпираат врз читање извештаи. Бидејќи, истражување и читање извештаи се две различни нешта.

  1. Истражете длабоко.

Секој што е нов во истражната работа треба да направи една или две темелни истраги за да стекне целосно знаење за одредено место (на пр., село или град) за одреден проблем (на пр., проблемот со житото или валутата). Длабокото испитување на одредено место или проблем ќе го олесни идното истражување на други места или проблеми.

  1. Направете свои забелешки.

Истражителот не само што треба да претседава на состаноците за утврдување на фактите и да им дава соодветни насоки на присутните, туку треба и да прави свои белешки и самиот да ги евидентира резултатите. Не е добро тоа да го прават другите за него.

Преведено од: Андреј Михаиловски

Последно