СПРОТИСТАВЕТЕ СЕ НА ОБОЖУВАЊЕТО НА КНИГИТЕ [Мао Це Тунг – втор дел]

Пристап до првиот дел: https://lenka.mk/left_literature/sprotistavete-se-na-obozhuvaњeto-na-knigite-mao-cze-tung-prv-del/

III СПРОТИВСТАВИ СЕ НА ОБОЖУВАЊЕТО НА КНИГИТЕ

Што било да е напишано во книга е точно – таков е менталитетот на културно – уназадениот кинески селанец. Но, чудно е што и во рамките на комунистичката партија има луѓе што секогаш кога се во дискусија велат „покажи ми каде е напишано во книгата.“ Кога велиме дека директива од високите органи на партијата е коректна, не е поради тоа што доаѓа од „повисок орган на партијата“, туку дека нејзината содржина е во согласност со објективните и субјективните услови на борбата и ги задоволува барањата. Многу е погрешно да се создаде еден формалистички став и слепо да се извршуваат директивите без притоа да се дискутираат и проучат, имајќи ги предвид реалните околности, само затоа што тие доаѓаат од еден повисок орган. Формализмот е пакоста што објаснува зошто нашите партиски ставови и тактики не се закоренуваат во масите. Слепо да се изврши наредба од висок орган и без никаква несогласност, не е извршување, туку еден уметнички начин на спротиставување и саботажа.

Методот на изучувањето на социјалните науки екслузивно само од книга е, исто така, екстремно опасно и може да го однесе човекот на патот кон контра-револуција. Чист доказ за ова е фактот што цела серија од кинески комунисти, кои се ограничија себеси на книги за време на нивното изучување на општествените науки, станаа контра – револуционери. Кога велиме дека марксизмот е точен, не е поради тоа што Маркс бил „пророк“, туку бидејќи неговата теорија била докажана за точна во нашата пракса и во нашата битка. Нам ни е потребен марксизмот во нашата битка. Кога ние ја прифаќаме неговата теорија, не ни паѓа на памет таа формализација на мистичната идеја дека неговите учења се „пророштво“. Многу кои читале марксистички книги станале отстапници од револуцијата, додека пак неписмени работници често го сфаќаат марксизмот прилично добро. Секако дека треба да ги проучуваме марксистичките книги, но студиите мора да се интегрираат со реалните околности на нашата држава. Ни требаат книги, но мора да го надминеме обожувањето на книгите, што не е во склоп со реалните околности.

Мао Це Тунг

Како да го надминеме обожувањето на книгите? Единствениот начин е преку истражување на проблемот.

IV БЕЗ ИСТРАЖУВАЊЕ НА ВИСТИНСКАТА СИТУАЦИЈА, СИГУРНО Е ДА ИМА ИДЕАЛИСТИЧКА ПРОЦЕНКА НА КЛАСНИТЕ СИЛИ И ИДЕАЛИСТИЧКА НАСОКА ВО РАБОТАТА, РЕЗУЛТИРАЈЌИ ВО ОПОРТУНИЗАМ ИЛИ ПУЧИЗАМ

Дали се сомневаш во овој заклучок? Фактите ќе те принудат да го прифатиш. Обиди се да ја процениш политичката ситуација или да ја водиш битката без истражување и ќе видиш дали таквата проценка или насока е неоснована и идеалистичка и дали ќе те доведе до опортунистички и пучистички грешки. Секако дека ќе те доведе. Ова не е поради неуспехот да се скрои внимателен план пред да се дејствува, туку поради неуспехот внимателно да се истражат специфичните социјални ситуации пред да се дејствува, што често се случува во герилските единици на Црвената Армија. Офицерите од калибарот на Ли Куеи не дискриминираат кога ќе казнат луѓе поради прекршоци. Како резултат на тоа прекршителите се чувствуваат дека биле неферски третирани, многу спорови настануваат и лидерите го губат својот престиж. Дали ова не се случува често во Црвената Армија?

Мораме да го избришеме идеализмот и да се штитиме од секакви опортунистички и пучистички грешки пред да успееме да ги придобиеме масите и да го победиме непријателот. Единствениот начин како може да го избришеме идеализмот е да направиме напор и да ја истражиме ситуацијата.

Пристап до третиот дел: https://lenka.mk/left_literature/sprotistavete-se-na-obozhuvaњeto-na-knigite-mao-cze-tung-tret-del/

Преведено од: Андреј Михаиловски

Последно