Движење за социјална правда

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

11

Движењето за социјална правда „Ленка“ ја информира јавноста дека нејзини членови ќе учествуваат на големиот граѓански ПРОТЕСТ закажан за недела – 17 мај 2015 год.

Сметаме дека денес, кога благодарение на погубните неолибералистички политики спроведувани во целиот период од независноста, квалитетот на животот на нашите сограѓани станува мизерен – неприкосновено право на граѓаните е слободно да го изразат својот РЕВОЛТ од постојаното осиромашување и зголемувањето на класните разлики, како и од последните криминални корупциски скандали кои ја потресоа македонската јавност.

Цениме дека последните случувања во државава под палката на сегашната власт, проследени со серија апсења на студенти и други граѓани, линчувања, етикетирања, навреди, закани и притисоци за неистомислениците се само поттик повеќе НАРОДОТ да го искаже својот акумулиран гнев и преку протест да прати јасна порака дека не се согласува со актуелните погубни политики и дека му е потребна трета радикално левичарска опција составена од нови неискомпромитирани ликови на политичката сцена.

Особено ги повикуваме работниците и студентите да излезат на овој и на секој следен протест за поддршка на новата автентична левица и конечно, преку сопствен политички опит во праксата, да ги преземат работите во свои раце, задавајќи им смртоносен удар на двете најголеми транзициски политички партии – затоа што, согласно нашата идеологија, СЛОБОДАТА претставува историско дело, а не дело на мислата!

ПОДОБАР СВЕТ Е НЕОПХОДЕН!

ПОДОБАР СВЕТ Е МОЖЕН!

ЌЕ ПОБЕДИМЕ

ДСП „ЛЕНКА“

15.05.2015

СЛАБОСТИТЕ НА ЕЛИТНОТО ОБРАЗОВАНИЕ-Вилијам Дерезиевич

 

Додека предавав на Јејл, бев зачуден колку сите таму си личат еден на друг!? Речиси и да немаше хипици и рокери. Бубалиците не изгледаат толку „бубално“. Сите се тркаат за некаква ограничена елеганција. Слични како јајце на јајце. Најелитните универзитети станаа упоришта на загушувачка нормалност. Најдобрите американски универзитети заборавија дека треба да креираат умови, а не кариери…

 

Првпат станав свесен дека е можно да имам дупки во образованието кога имав околу 35 години. Само што имав купено куќа, требаше да се среди водоводот и водоводџијата ми работеше в кујна. Дојде еден низок, набиен тип со брадичка и ми зборуваше на бостонски дијалект, а јас одеднаш сфатив дека немам поим што муабет да направам со таков човек. Толку ми беа далечни работите што ги познаваше, толку непоимливи вредностите што ги имаше, дури и јазикот ми беше толку неразбирлив, што никако не можев да помуабетам малку со него пред да се фати со работа. По четиринаесет години поминати во високо образование и цели купишта дипломи од престижни универзитети, целиот бев здрвен и замелушен, останав без зборови кога видов дека немам зборови. „Престижна ретардација“, со овие зборови еден пријател ја дефинира појавата. Можев комотно да разговарам со странци, на странски јазици, ама не можев да разговарам со човекот што ми беше в куќи. повеќе…

Цитати
  • Сопственоста е кражба. Пјер Жозеф Прудон
Видео
Неколку прашања до добриот човек: (Бертолд Брехт)

Добар чоек си разбравме,
Но за што ти служи добрината?

Тебе да те купи никој не може
И молњата што дома удира
Не може со пари да се купи.
Разбравме што говориш. Ти кажав нели
Но што тоа кажувш
Прав си, збориш тоа што милиш,
Но што ли мислиш?
Храбар си
Но наспроти кого?
Паметен си
Но кому корист од тоа.

Не би ги превидел твоите бенефити
Пеки бе, тоа што не го привидуваш чиво е?
Нема што да ти се преговори на твоето пријателство,
Пријатели кои ли ти се?

Сега добро сослушајне:
Ти душман си наш
Под некој ѕид ке те истопориме
Но пошто имаш многу добри страни
Пред еден добар ѕид ке те истопориме
Со добри куршуми
Кои молњат од добра пушка ке те стреламе
Потоа ке те погребаме
Со добра лопата
Во добра земја!!!

ПРЕДАВНИК (Назим Хикмет)

„Назим Хикмет сè уште продолжува со предавството негово.
Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува со предавството Назим Хикмет.“
Во еден весник од Анкара излезе ова,
во три реда и со катран црно кое блеска,
во еден весник од Анкара, покрај сликата на адмиралот Вилијамсон
се смешка на 66 сантиметри квадратни, устата до уши му стигнува на американскиот адмирал.
120 милиони лири во нашиот буџет донираше Америка, 120 милиони лири.
„Половична колонија сме на американскиот империјализам, рече Хикмет.
И понатаму продолжува да биде предавник, Назим Хикмет.“
Да, јас сум предавник, ако вие сте патриоти, ако вие сте татковински бранители?!
Јас сум душман татковински, јас сум предавник!
Ако татковината се вашите чифлизи,
ако во вашите сефови и во вашите банкарски сметки е патриотизмот,
ако татковината е умирање од глад покрај патот,
ако татковината е трепет во студот како пес и растрепереност како од маларија во текот на летото,
ако цицањето на нашата крв во вашите фабрики е патриотизам,
ако патриотизмот се канџите на нашите газди,
ако патриотизмот е образование со копје,
ако патриотизмот е полициското ѓубре,
ако вашите трошоци и вашите плати се патриотизмот,
ако патриотизмот се американските бази, американските бомби и американските проектили,
ако патриотизмот не е ослободување од смрдливото ни наше незнаење и темнина,
тогаш јас сум предавник.
Напишете во три реда болдирано со катран црно кое блеска:
Назим Хикмет
сè уште продолжува
да биде предавник!