Студенти по право во понеделник излегуваат на протест против Кривичниот законик

Соопштение на Протест против амнестија со измените во Кривичниот законик

Како студенти кои се запишале на правните факултети во Македонија, не можеме да останеме рамнодушни на постојаната тенденција и постапки кои водат до целосно упропастување на правниот систем.

На Македонија и е потребна нова, некорумпирана генерација правници. Но страв ни е дека додека ние, како актуелни студенти, стасаме до позиции на правораздавачи – правдата ќе стане мисловна именка.

Чашата ја прелија новите брзи, нетранспарентни измени на Кривичниот законик. Затоа не можеме да бидеме тивки како студенти кои решиле да останат во Македонија и да се борат за правда во оваа држава.

Затоа ги повикуваме сите студенти, професори, граѓани да се приклучат на протест во понеделник во 18:00 часот пред Влада!

Доста е од злоупотреба на европското знаме, затоа бараме и сметаме дека е нужно некој конечно да одговара за ваквите фалсификувања.

Доста е од користење и урнисување на правото и законите за лични, политички интереси! Бараме правдата да ги стигне сите оние кои допринеле до огромната недоверба во правниот систем.

Последно