Пишува: Јована Мојсоска, Генерален секретар и носител на ИЕ 5 при политичката партија Левица.

Македонија бележи НАЈМАЛ економски раст од сите земји во регионот, според најновиот извештај од Светска банка. Ова се должи пред се, на големата зависност на македонската економија од западните пазари.

Или со други зборови, кога не градите алтернативи за економска соработка, станувате зависен од еден центар, кој веќе и политички и економски ве доминира. Балканот е економско поле за ширење на германскиот капитал, со што Германија конечно економски го подјарми Балканот (тоа што не и’ успеа во Втора светска војна).

И сега истите елити кои ја уништија економската независност на Републиката и ја направија колонија на “стратешките партнери”, ќе ве убедуваат за уште една промена на Уставот. Бугарите во Уставот нема да го решат најлошиот економски раст кој го бележи Македонија (како што ова не го реши ниту Рамковен, ниту Преспански договор).

После три децении “независност” со НАТО-партии, Македонија целосно го изгуби националниот, социјалниот, политичкиот и економскиот суверенитет…