Фејзбук статус на советникот од редовите на Левица во општина Велес – Игор Смилев

БОЈКОТ, ПРЕКИН НА НАСТАВАТА, ТЕНЗИИ и ИНЦИДЕНТИ во општина Чашка после одлуката на МОН за незаконско отворање на албанска паралелка во О.У. Тодор Јанев.

Додека министерот за образование Јетон Шаќири вежба математика за 6- то одделение, во ОУ Тодор Јанев во Чашка се случува драма.

Повеќе од три недели прекината е наставата, а влезот во школото со жив штит се чува од страна на родителите на учениците Македонци. Тие не дозволуваат противзаконско и вонсттутарно отворање на албанска паралелка која преку ноќ со посебен акт ја потпиша министерот Шаќири.

Тој ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Чашка и насред учебна година од мешана паралелка се обидува да создаде албанска паралелка со што го навлече гневот на загрижените родители и жители на Чашка.

Неколку денови полиција од Велес и Чашка е тампон зона помеѓу очајните родители и директорката на Тодор Јанев која безуспешно се обидува да влезе во школото.

Жителите се заборавени од советниците на сите партии во Советот на Општина Чашка, и речиси сами се оставени во обидите да се изборат наставата да продолжи како досега, согласно Статутот на училиштето.