Во предвечерието на официјалнатото преименувавње на улицата “Втора Македонска Ударна Бригада” во “Адем Демачи” со присуство на Албин Курти и албанската политичка елита, бевме во Чаир и токму на истата улица им ги поставивме имињата на сите загинати борци од Втората Македонска Бригада.
Улицата која ги славеше оние кои го дадоа животот во борба со фашистичкиот бугарски окупатор од утре ќе го слави Адем Демачи, сепаратист од Југославија и борец за Голема Албанија и независност на Косово, неколку пати осудуван на затворска казна во Југославија.
Нека им бодат очи овие имиња на оние утре кои ќе бидат на свеченоста по повод преименувањето на оваа улица, а на оние кои донесеоа ваква одлука, да знаат дека македонскиот народ не им заборава и простува.
Денес го бришат споменот од Улиците, Парковите, Спомениците, утре ќе посегнат и по учебниците и нашата историја.
Македонски народе, доста беше, разбуди се, свести се, не спиј ти!
Смрт на фашизмот, слобода на народот!