(Видео) Лидерот на Левица, Апасиев од Собранието: ЕУ е исламофобична и има криза на лидерство!

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието на Република Македонија ,Димитар Апасиев, зема збор на Собраниската Комисија за уставни прашања која денеска заседаваше по предлогот на Владата за уставни измени, односно внесување на бугарите во Уставот на Република Македонија.

Во својот говор, Апасиев, освен што укажа на опасностите од правните последици од внесувањето на бугарите во Уставот, кои дополнително ќе ја загрози македонската позиција преку рамковни политики за бугарите како што сега има за албанците, тој се осврна и на геополитичките прилики на Европската Унија и Западен балкан.

„Не е само Бугарија пречка во решавањето на ова геополитичко прашање. Некои држави во ЕУ се против прошиувањето на ЕУ во Западен Балкан, и тие го третираат како да е енклава – не држат во зоолошка градина опкружени со држави во ЕУ, но ние не сме таму.  Во ЕУ се случува криза на лидерство, и тие не знаат кај тераат. Нема да биде единствена пречка бугарското вето, извесно следи и вето на Холандија, на Франција и на други земји од унијата. Во овој историски момент на ЕУ не и е дојдено до проширување, и затоа нашата генерација за жал никогаш нема да дочека влез во ЕУ, а го чекаме тој воз уште од кога бевме првачиња. Што ни направивте вие за возврат? Низа на капитулации. Анонимусни бирократи ни ги навиваат часовниците, и ни велат да го затнеме носот и да голтнеме!“

Во говорот Апасиев уште се осврна на историската улога на Левицата во борбата против фашистите и афирмација на македонскиот патриотизам. „Само работничката класа е државотворна, НЕ бизнисмените, не корумпираните интелектуалци“, подвлече Апасиев.

На крајот од војот говор, Апасиев додаде дека, левицата, како што се покажа за време на АСНОМ, така ќе се покаже и сега, дека само нејзината визија е државотворна и македонистичка и дека Републиката повторно ќе биде воскресната од страна на новата генерација на некорумпирани политичари на Левица!

Последно