Во емисијата Аргумент плус на ТВ 24 професорката Билјана Ванковска претседателски кандидат на Левица. За да може да се кандидира, Ванковска мора да собере 10.000 потписи. Вели дека државата е во очајна состојба, а народот е осиромашен. Според неа, потребни се државници, а не марионети на странски амбасади.

„Се создава еден таков убав позитивен штит околу мене, на една толку позитивна енергија што вчера ме изненадија. Луѓе од кои никогаш не би поверувала дека би ми се јави да ми дадат поддршка. Студентите се посебна приказна што во моментов ми дава.

Знаете, она кога имате како панцир некој околу себе и си велите сите стрели ќе се одбиваат од ова позитивното што доаѓа и што го чувствувате и оттука црпите енергијата. Така што, јас ќе се обидам тоа да биде ведро, позитивно, достоинствено, се разбира, без калкулирање и јас без компромис, но ќе се борам за своите позиции. Иако знам дека ќе ме нарекуваат про ова Анти она, меѓутоа, ако и тоа треба да имате.“ – Додаде Ванковска