Пишува: Претседателскиот кандидат на Левица, Проф. д-р Билјана Ванковска

Пишувајќи за тоа што се може да се стори за една кауза, го заборавив аспектот на научната кауза, која понекогаш ја браниме затоа што се идентификуваме со неа или сметаме дека сме заслужни за етаблирањето на некој концепт. Ова го потврди и колумната на еден мој колега во која сметајќи се повикан да биде адвокат на каузата застана „во лична одбрана на граѓанскиот сектор”. Останавме без одговор на тоа дали скокна во заштита на научната кауза (темата на која докторираше) или можеби имал што да ни каже од позиција на негов општествен ангажман во овој сектор?

Се уште погодуваме од кого тоа го брани граѓанскиот сектор: од луѓе со лош карактер. незнајковците. кои без теориски сознанија атакуваат на ‘светата крава’ (на она што тој концепциски милува да го нарече граѓанско содружништво), или од оние кои барем пробале да сторат нешто наместо да мудруваат од професорските кабинети? Ова е важно прашање. а темата што јас (не)случајно ја наметнав низ колумните и за кои бев казнета со излегување од Хелсиншкиот комитет. заслужува продлабочување. па и полемика.

За жал во невладиниот сектор не сме соработувале со колегата бидејќн стоиме на различни позиции. Според него емпирија е она што се случува во стварноста, а кое научните работници го истражуваа и со употреба на социолошки методи. Според мене. науката не е цел за себе. Во вакви времиња и во земја како нашата, луксуз е да се бавите со наука само заради наука и кариера. Науката е стерилна, па и арогантна, ако не се испроба во животот и ако она што го предавате не е и ваш сопствен морален и вредносен ориентир.

Смислата на професорската работа е да едуцираме и за она “како треба да биде” и за она “како е”, т.е. за јазот помеѓу нормативното и стварното. Но ако капитулираме пред стварното и не се потрудиме да го постигнеме нормативното (идеалното или запишаното). тогаш стануваме робови на состојбите. па и соучесници.

Што се однесува до колумнистичката дејност единствен арбитер се читателите. Според мене таа претставува мал но скапоцен простор, во кој комуницирате со најшироката јавност. Крајно несоодветно е да отворате научен дијалог низ колумни. За се постои вистински мегдан, вистинско време и адекватен вокабулар. На што ќе личи ако низ двобој на колумни почнеме да теоретизираме и да покажуваме кој повеќе знае за граѓанскиот сектор – тој од социолошка. а јас од политиколошка призма? Читателите се умни луѓе, или ако ништо друго – луѓе кои нашите теориски концепти ги живеат. а не ги мудруваат. Колумните се место каде се искажува личниот став по актуелни прашања, а не поле за научна афирмација.

По обидот да ме замолчат токму оние кои колегата ги брани. Волтер ми е многу важен. Не ми паѓа на ум да му го спорам правото на критика или одбрана, днјагностицирање, па и оценување на моите компетенцни или искуствата во невладиниот сектор. а кои самиот ги нема. Но, тоа е позиција на гаталец, а не паталец. Обвинувањето за наводна генерализација и оцрнување на граѓанскиот сектор е упатено на погрешна адреса, на адреса на некој кој проговорил на база на сопствено искуство. Па. кој тука генерализира? Оној кој барем го намокрнл малпот прст во студе- ната вода на невладиниот сектор или кој се изгорел верувајќи во идеалот на граѓанското содружништво – или оној кој единствена заслуга ја стекнал со докторнрањето на таа тема и со учество на неколку Соросови трибини?

Сепак, колегата ги следи настаните: потсети на мојот ангажман во Граѓанското движење и референдумот од 2004-та. Додека мнозина мудруваа што значи правото на референдум и што е граѓанска храброст наспроти заканите, некон не се двоумеа. Цената ја плативме токму во контекст на невладиниот и експертски ангажман, бидејќи ден потоа бевме на црните лис- ти на странските донатори. Не се работеше за национализам или за полигикантство, туку за момент на одлука – дали она што го ироповедате низ науката за демократијата имате храброст да го застапувате во пракса. Дел од невладиниот сектор ја свитка опашката. се посрамоти на самитите кај претседателот, а дел мавташе со американски знаменца на плоштадот Македонија. Професорот најде „соломонско решение”: во своја колумна од тоа време кажа дека ќе излезе на референдумот, ама меѓу редови испрати порака дека ќе гласа против. Ем чин на интелектуалец кој не дозволил да го застрашат ем политички коректен. При појавата на Граѓанското движење тој објави „пророчка” колумна во која веднаш му напиша „пресуда”. Не му се вклопувавме во теоријата. Бевме наречени ретроградни сили, кои водат наспроти модерните тенденции, заборавајќи ги Мартин Лутер Кинг и мировните движења. Неуспехот на Движењето не беше поврзан со визионерската моќ на колегата, туку со продирањето на политичкиот вирус и обидот за инструментализација во лични цели кај дел од раководството на здружението. Согласно „мудрата” политика дека попаметниот попушта, дадов оставка.

Не е храброст да давате оставка секогаш кога нешто не оди, но не треба храброст ни да гледате сеир, да имате концепт и да го аналнзирате од височиннте на научниот пиедестал. Имаме куп доктори на науки за демократија, човекови права, евроинтеграции, и што ли уште не – а состојбата катастрофална! Политичарите не одат на квиз и не слушаат експертски совети, ниту ги фермаат организациите, а на дел од интелектуалците тоа совршено им одговара. Колегата обвинува за генерализирање, а истовремено со ист метод застанува во одбрана на граѓанското содружништво и промоција на постигнатиот прогрес. И како позитивни примери ги реди мастодонтите, оние кои се најнеавтентични претставници на тој сектор затоа што никогаш не виделе мака, немање средства. кадри и поддршка од надвор. Одбраната наликува на апологетски однос и затворање на очите пред штетата нанесена на демократскиот потенцијал од фондации. кои имаа повеќе слух за партиските шефови во чии централни одбори седеа нивните директори или за странските моќници.

Моето искуство од невладиниот сектор е поврзано и со неколку годишната активност. Таму научив колку голем напор кој е потребен да изготвите проектна апликација. Само оној кој не ги видел може да зборува напамет за леснотијата со која се добивале грантови. Три месеци пишувате апликација во која го вложувате целото научно/стручно знаење, извонредно- то познавање на англискиот и пенетрирање во бирократскиот ум на донаторите. И сето тоа за да добиете т.н. микрогрант. Имате мака, кога донаторот решил, на пример да промовира права на хомосексуалци. а вие знаете дека постојат многу други горливи приоритети! Ако не сте подготвени да ламентирате над загрозените права на наводна популација од 200 илјади лица (?!) и ‘лапнете’ грант, тогаш мора да сте итри. Се обидувате да ја наведете водата на вашата воденица, и наместо парите да оти- дат залудно, да го употребите за нешто попамегно.

Муабетите за коруптивни скандали и лепливи прсти не држат вода (освен ако некој не е наменски ангажиран за мафтање со знаменца нли за оддавање на почит за Државникот кој се поканува на тортијади и слични „важни“ настанн). Странците за секој вложен проектен долар, пет долари враќаат назад. За еден локален експерт ви наложуваат да поканите десет нивни, кои поим немаат за Македонија. ама на кои ќе им платите авионски-карти. скапи хотели и уште повисоки дневници. Кога го поднесувате финансискиот извештај, ќе ве распаметат со ситничарење за секој цент (зошто сте послужиле минералнавода. наместо „комуналка”, на пример). Домашните експерти се понижени и добиваат трошки за цело- дневен ангажман, а до нив седат странски експерти на кои среде презентација треба да им шепнете дека не се на Балтикот, туку на Балканот. Најдобри експерти ме откачувале. велејќи дека дури ни во име на градењето на мирот не сакаат да си го губат времето без соодветен надомест. Понатаму, се соочуваме и со феноменот на „скопјеизација“.

Најголемите херои на невладиниот сектор се оние анонимни луѓе кои работат во периферијата и во руралните средини. и никој не ги именува во врска со никакви постигања или скандали. Имаме невладини организации, кои се агенции за вработување. а богами и семејни фирмн. а не непрофитен сек- тор. Сум среќавала млади луѓе „желни за самореализација”. кои прво прашуваат за висината на платата. Објаснувате дека немате буџет. дека е потребно да се конкурира за проект, па дури потоа да стане збор за ангажман. но добивате договор дека тој/таа има дипломирано и нема намера да биде експлоатиран/а. Во такви ситуации сум се чувствувала бедно, гледајќи дека некој повеќе ја цени својата диплома, отколку јас докторатот, а во слободно време пишувам нроекти за да им влезат во ушите на бирократите во Брисел или Вашингтон.

Во критиката на граѓанскиот сектор не смееме заедно со водата да го исфрлиме и бебето. Критиката на некои организации кои го изгубиле, или се на добар пат да го изгубат, моралниот кредибилитет, не го доведува во прашање неговото значење за демократијата. Но, нема да го одбраните ако сте сведок на неговата компромитација, а си молчите. Приказната за граѓанскиот секгор е мит и оспорен концепт. Според теоријата, тој претставува контејнер кој се исполнува со најразлични содржини актери и идеи. Тој е секогаш одраз на моралните и други вредности во општеството. Иако важен услов за општата демократизација. и самиот има потреба од проветрување и демократизирање. Но, тоа не е задача на салонските професори, туку на оние кои без оглед на своето образование, возраст или социјална положба, се зафатиле со волонтерска општествена дејност. Авангардата на граѓанскиот сектор во општество како нашето не може да биде непостоечката средна класа. Овде Граѓанин е и невработениот и сиромавиот и неппсмениот и хендикепираниот. Ако сите заедно не засукаме ракави, тогаш ни научни концепти. ни странски грантови нема да помогнат да изградиме подобро општество.

Колумната прв пат објавена во „Дневник“ во 2005 година.