Пред два дена, уште еден работник е жртва на градилиште при работа во необезбедени услови. Бизнисмените водени од желбата за пари поставуваат кратки рокови, штедат на средства за работа не ги почитуваат мерките за заштите и се тоа доведува до човечки жртви.До Левица стигнаа информации дека на градилиште на ул. Пиринска, каде инвеститор е фирмата ,,БИ-СИ”, работник додека го управувал багерот истиот се превртил што било фатално за работникот.

Согласно законските обврски, работодавецот е должен во рок од 48 часа да ја пријави незгодата и затоа упатуваме апел до Трудовиот инспекторат да ја испита причинaта за несреќата и веднаш да ја објави јавно како и за компанијата што дозволила работа во небезбени услови.

Се додека ова општество дозволува и ги штити само профитните интереси на инвеститорите, животот на работникот, за жал, е безвреден.

Ова е еден од многу случаи за кои јавноста не’ алармира, а се случуваат секојдневно на градилиштата. Работниците освен што работат без заснован работен однос, истотака работат и во тешки услови изложени на лоши временски усл без притоа да бидат осигурани. – Се вели во соопштението на трудовиот сектор при политичката партија Левица

Левица апелира до сите институции одговорно да си ја вршат својата работа кога се во прашање правата и заштитата на работниците.