Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма огромно внимание е посветено на Политичкиот и изборниот систем.

Изминативе години, со само двајца пратеници, левица успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните и Претседателот Апасиев вели дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата која ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес.

Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата за Политички Систем:

Укинување на контроверзното двојно или т.н. бадентерово мнозинство при носењето на некои закони, со цел надминување на „тиранијата на малцинството“, која е инкомпатибилна со современите демократски системи.

Забрана за предизборни коалиции!

Укинување на фамозниот инструмент „Балансер“ и концептот на правичната застапеност, односно замена на позитивната дискриминација по етничка основа со афирмативни акции по социјална основа (предност при вработување да имаат посиромашните).

Забрана на монолитни и чисто етнички партии и здруженија!

    Укинување на т.н. консултативен референдум како неуставна категорија и бришење на сите законски „референдумски забрани“ (да нема прашање за кое не би можело да се распише референдум).

    Забрана за финансисрање на т.н. независни граѓански листи од странски извори на средства!

    Организирање на Република Македонија во една изборна единица, без изборен праг (цензус)!

    Воведување на отповиклив, т.е. императивен пратенички мандат, со можност за отповикување пратеник во секое време од страна на Партијата преку чија кандидатска листа е избран (со цел да нема постизборно „пребегување“ или „купување“ пратеници за огромни суми пари).

    Целосната програма на партијата можете да ја прочитате на следниов линк