Политичката партија Левица ја објави својата изборна програма за претстојните парламентарни избори. Во оваа сеопфатна програма, посветено е внимание на т.н Граѓански сектор.

Изминатиот мандат, Левица со само двајца пратеници, успеа да спречи многу штетни политики и да предложи законски решенија согласно барањата на граѓаните и Претседателот на партијата, проф. д-р Димитар Апасиев вели дека со десетина пратеници Левица ќе биде партијата која ќе ги принуди политичките елити да го застапуваат народниот интерес.

Во прилог ви го пренесуваме делот од програмата наменет за НВО:

Десоросоидизација на граѓанскиот сектор во Македонија, преку санкционирање на ширењето политичка пропаганда платена со странски пари, а спроведена преку домашни „тинк-тенкови“ и невладини организации.

Ново републичко централно тело – Државна комисија за странски фондации, преку кое ќе течат сите комуникации, грантови, донации, исплати и трансфери помеѓу фондациите – како инвеститори, и НВО секторот – како спроведувачи на проектите.

    Зголемување на транспарентноста при финансирањето на невладините организации, со цел спречување на перење пари преку здруженија на граѓани (пр. НВО и фондациите да бидат подложни на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер).

    Забрана на финансирање на НВО од странски донации и надворешни извори на приходи (пр. амбасади на други држави).

    Забрана за финансирање на НВО со јавни буџетски пари (од републичкиот или од општинските буџети) – освен за т.н. приоритетни стратешки области, кои би ги утврдувала Владата на годишно ниво.

    Забрана за промовирање, активност и рекламирање на НВО во основните и средните училишта.

    Воведување на нова типологизација и категоризација на НВО во однос на: дејноста со која се бават, големината на здруженијата, бројот на вработени и сл.

    Забрана на лобисти и лоби-групи, преку законски измени!

    Целосната програма на партијата можете да ја прочитате на следниов линк