Движењето за социјална правда ЛЕНКА повикува на СЕНАРОДЕН БОЈКОТ во недела како знак на солидарност со најобесправените и најексплоатирани работници во маркетите кои благодарение на однародената и капиталистичката власт на СДС и ДУИ ќе бидат приморани да работат и на 31.12, недела во очи на Нова Година. 

Капитализмот и неговиот близнак, консумеризмот своето вистинско лице го покажуваат најмногу во периоди на солидарност, мир и љубов кога безмилосно и Скруџовски му наредуваат на обичниот работник кој е приморан да го продава својот труд (физички и умствен) за да ја има привилегијата да ПРЕЖИВЕЕ, да слугува на повисоките општествени класи токму во „сезоната на давање“.

Ние, како освестена работничка класа, најмалку што можеме да направиме е да НЕ ПАЗАРУВАМЕ во текот на утрешниот ден во солидарност со нашите класни другари, да зададеме заеднички, предпразничен удар на профитот на капиталистите.